ЕПИЛЕПСИЈА – инвалидност или не?!

asd

Според ПРЕДЛОГ – ЗАКОНОТ за национална база на податоци за лица со инвалидност  значењето на зборот „Инвалидност“ е: – општа односно професионална неспособност за работа, неспособност за самостоен живот и работа,намалена работна способност, загубена работна спсобност, телесно оштетување според прописите од пензиско и инвалидско осигурување; – привремена спреченост за работа поради болест или повреда на работа според прописите од здравствено осигурување над 60 дена; – оштетување на вид, оштетување на слух, пречки во гласот, говорот и јазикот, телесно оштетување, пречки во интелектуалниот развој, комбинирани пречки во развојот, пречки во менталниот и физичкиот развој и комбинирани пречки до 26 години, според прописите од социјална заштита, прописите за вработувања на инвалидни лица и заштита на децата; – оштетување на организмот според прописите за цивилна инвалиднина, воена инвалиднина и прописите за припадници на безбедносните сили на Република Македонија.

Па според ова, вака напишано, епилепсијата иако не е спомената, може да се земе во предвид како „Инвалидност“, односно оние лица со епилепсија кои имаат потешкотии или имаат потреба од лице придружник (Иако не им следува паричен надомест за нега од друго лице).Но ова малку е чудно, лице со епилепсија кое ги исполнува критериумите за инвалидност е РАБОТОНЕСПОСОБНО лице, и апсурдно е да се вработи. Вакви лица се околу 20% од вкупниот број на лица со епилепсија.

Но што со останатите 80% лица со епилепсија кои можат да водат потполно нормален живот?! Тие се оние лица кои добиле неколку напади, и ги ставиле под контрола. Тие се оние кои како деца имале напади, и со адолесценцијата нападите престанале, па дури и не земаат воопшто терапија.

ЗНАЧИ ВО ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД СЛУЧАИТЕ ЛИЦАТА СО ЕПИЛЕПСИЈА НЕ СЕ ИНВАЛИДИ, и така треба да бидат третирани. Ова значи дека и мал процент на способност да има кај неко лице, таа треба да се искористи. И историјата со факти потврдува дека лицата со епилепсија можат да бидат способни.

Најдобро е лицата да бидат соодветно категоризирани, затоа што моментално сите лица со епилепсија се ставени во „ист кош“,  и оние со чести, и оние со ретки, и оние без напади. Но исто така треба да се напомене дека  епилепсијата не секогаш се манифестира со губење на свест и паѓање, што од друга страна му дава друга димензија на зборот „инвалидност“.

Во истражувањето кое го направи Здружението „ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА“ се забележа и дека работодавците се повеќе заинтересирани за вработување на „инвалидно лице“ кое има физички хендикеп, отколку за лице со епилепсија, и тоа многу влијае врз вработувањето, бидеќи одлуката останува на самиот работодавец.

Затоа како Здружение „ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА“ апелираме до институциите да стават акцент на оваа категорија граѓани, кои заслужуваат едно поинакво гледање врз нив.Овие лица заслужуваат да бидат рамноправни. Па врз основа на овај апел ОЧЕКУВАМЕ, и ЛИЦАТА СО ЕПИЛЕПСИЈА да се најдат во програмите на политичките субјекти, во спротивно ќе сметаме дека како и до сега никој не води грижа за овие лица воопшто. Се надеваме не бараме многу, само рамноправност, оние лица кои имаат потреба од терапија да ја добијат, доколку немаат средства да биде бесплатна, како во повеќето земји во Европа, доколку има потреба од лекување надвор од земјава, да се овозможи. Доколку лицето е со поголемо оштетување да добива надомест, доколку е делумно способно да може да биде вработено, а доколку не спаѓа во ниедна група, значи лицето е здраво и така треба да биде прифатено.

Целиот текст на ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ погледајте го ТУКА


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.