Државата за едни е мајка за други маќеа – револтирана мајка 3 години бара конзилијарно мислење

dffЈас и моето семејство бевме ЛУДИ што го продадовме целиот имот, за да обезбедиме лекување во Љубљана за моето дете, ама ете некој си може ем донации, ем фондот да им покрие се. Баш ме интересира дали после сето ова ќе се освестат Маќеиве наши за нашето дете????
Срамота!!!!!!!!
3 години конзилијарно барам за нешто кое кај нас го нема. Да да кетогена диета нема но сите сте глуви.
Ок, ја имам уште душава да ја продадам, кој сака да ја купи за да го однесам на КОНТРОЛА МОЕТО ДЕТЕ ????

Вака го започна разговорот мајката која повеќе од 3 години бара начин да го лекува своето дете во Љубљана. Имено станува збор за дете со енцефалопатска епилепсија, каде единствено КЕТОГЕНАТА ДИЕТА дава надеж за подобрување на состојбата. Но во нашата земја нема можност да се спроведе оваа диета како посебен начин на исхрана и затоа семејството мора да ја спроведе оваа диета и потребните контроли во Љубљана. Но за да биде сета ситуација подраматична, семејството на сопствен трошок до сега ги правело контролите и терапијата, но веќе продале се што имале, и веќе неможат да го продолжат лекувањето. Барале од ФЗОМ да ги покрие трошоците, но одговор сеуште нема, а веќе познато е дека кај случаите на епилепсија, секоја минута е важна. Инаку во развиените земји целата антиепилептична терапија е бесплатна, за разлика од кај нас, каде поголем дел од лековите, пациентите мора да си ги купат сами, иако голем дел од нив се социјално загрозени, или се со ниски примања.

Се надеваме дека со оваа информација ќе допреме до институциите, да помогнат да се режи и оваа ситуација, да се подобри состојбата на едно дете, кое заслужува да му се радува на детството како сите деца.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.