На 26 Март секоја година се одбележува „ВИОЛЕТОВ ДЕН“за поддршка на лицата со епилепсија.
Здружението „ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА“, во соработка со „Лигата за борба против епилепсија на Македонија“ го одбележа овај ден во Прилеп и Скопје, под слоганот „РАЗЛИЧНИ А СЕПАК ИСТИ. Настанот е поддржан од CIVICA Mobilitas, Општина Прилеп, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и Skopje City Mall.
Активностите се одвиваа во 11 часот на градски плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, во 12 часот на градски плоштад „Македонијa“ во Скопје, и во 17 часот во Skopje City Mall, каде за забавниот дел се погрижија неколку македонски музички ѕвезди, и за жал иако некои од популарните музички имиња го потврдија присуството, и поддршката кон лицата со епилепсија, на самиот настан не се појавија.
Во продолжение погледнете ја галеријата на фотографии од
настаните.