ЗОШТО МОЕТО ДЕТЕ? -Прашува една мајка

ЗОШТО МОЕТО ДЕТЕ? -Прашува една мајка.

Ние знаеме дека е тешко да си родител на дете со епилепсија, и да се соочуваш со сите препреки и проблеми, од недоволната едукација на општеството, за нарушувањето епилепсија. Ние ја зразуваме нашата поддршка, и нудиме помош за се што мислите дека можеме да помогнеме. Заедно сме посилни, и можеме да го кренеме гласот, доста беше молк, и ние сме луѓе, заслужуваме да бидеме и видени и слушнати. Запрете ги предрасудите.images (2)

Во  продолжение ви го прикажуваме писмото на една мајка која е револтирана, и ни го ипрати нас.

Имам едно прашање-ЗОШТО МОЕТО ДЕТЕ?

Како и многу други родители на дете со епилепсија насекаде во светот си го поставувам и јас тоа прашање.Но, јас како мајка на 12 год. дете кое веќе 5 години е со оваа дијагноза (епи напади во сон),под терапија е 1,5 година и е веќе под контрола (без напади), дојде момент јавно да ја раскажам мојата приказна.

Моето дете е редовен ученик во едно скопско училиште (незнам колку е во ред од моја страна да го именувам училиштето, но ајде нека остане тајна) и е 6-то одделение, до сега не сум имала никаков проблем…но,дојде ден да се оди на дводневна екскурзија каде што учителката ме повика на разговор. Во разговорот јас само слушав (и неможев да поверувам што слушам), како таа неможела да превземе таква одговорност,како таа читала дека светилките во дискотеката каде што ќе оделе предизвикувале напади (а зошто учителката не прочитала што треба да превземе во случај на епилептичен напад, и колкава е веројатноста некое од „здравите“ деца што ќе ги носи  да добие напад од истата причина) како таа моето дете ќе го ставела во изолирана соба, одделено од другите деца и како јас требало да одам со нив…ајде, прогледав некако, со тоа што и реков дека ќе и се јавам ако можам да се ослободам од работа да одам со нив. Моето дете денес си дојде плачеќи од училиште и ме обвинуваше мене:  „Ти што разговараше со учителката?! Си кажала дека нема да одам. Зошто мамо?!“ – останав без зборови. Учителката и кажала: „Јас разговарав со мајка ти, ти ќе идиш со нас само на еднодневни екскурзии, има и такви не се грижи“ (како си зела за право да го каже тоа на моето дете, а јас веќе неколку дена барам начин како да објаснам дека учителката не сака да ја носи на таа, за мене сега, проклета екскурзија)… Дали само моето дете ги трпи навредите од учителите, само затоа што има епилепсија?! Зошто овие деца да бидат отстранувани од се?Имам само една порака до сите училишта-да се обучат сите наставници што треба да превземат за време на епилептичен напад,затоа сто тоа може да му се случи и на здраво дете,а јас не застанувам ,од денес мото дете нема да биде отфрлено…Родители се надевам ја имам вашата подрдшка!



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.