МАСЛОТО ОД КАНАБИС МУ ПОМОГНА НА МОЈОТ СИН

epilepsyMASON CITY, Ајова – Вчера, на 8ми Февруари, на меѓународниот ден на епилепсија, една мајка имаше за што да слави. Таа објасни како благодарение на нов третман, состојбата на нејзиниот син се подобрила.

Caleb Helland  страда од епилептични напади целиот негов живот. Тој има тежок облик на епилепсија. Пред шест месеци, тој стана дел од една студија преку Универзитетот во детската болница во Ајова. Лекарите користеле масло од канабис. Мајката на Caleb  вели дека откако го користат  маслото, нема напади секој ден. По започнувањето на новиот третман, тој имал вкупно пет напади во последните шест месеци.

“Тоа е неверојатно добро чувство. Г0 гледам секој ден и велам “О Боже” немаш напади секој ден. Тоа едноставно ме прави да се чувствувам добро, бидејќи јас сакам тој да има најдобар квалитет на животот “, рече госпѓа Helland.

Во моментов во Ајова легално е да се поседува масло од канабис, но нелегално е да се произведува или да се транспортираат надвор од државата.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.