Новите истражувања потврдија потенцијално долгорочно влијание на апсанс епилепсиите

 

absance epilepsyНовите истражувања покажуваат значително влијание  на апсанс епилепсијата врз менталниот сколоп кај лицата. Апсанс епилепсијата се карактеризира со тоа што лицето е загледано „во празно“ на одредено место, за краток временски период, потоа пак се враќа во нормала. Овие напади можат да бидат толку кратки што понекогаш можат да бидат неоткриени и со месеци. Истражувањето од страна на Универзитетот Akdeniz во Турција, е со цел да се споредат когнитивните фунции  на 19 деца со типично апсанс епилепсија со 19 деца без епилепсија ( контролирани напади). Истражувачите користеле голем број на познати неврокогнитивни тестови (оценување на функциите, како што се: меморијата, вниманието и менталната флексибилност), и секој тест бил комплетиран за секој. Резултатите објавени во Journal of Child Neurology , покажале значително послаби перформанси од групата на епилепсија во споредба со групата на апсанс епилепсија. Исто така ги истакнува тешкотиите  во префрлувањето на активностите меѓу децата на групата со апсанс епилепсија.

Истражувачите заклучија: „Долгорочен ризик за учење, нарушување, неуспех при ивршување на задачите (конгитивните способности), краткотрајна меморија и нарушено внимание, може да се јави кај деца со апсанс епилепсија“.

Тие исто во овај напис наведуваат дека ризикот е поголем кај деца чии напади започнале пред седум годишна возраст.

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.