Лицата со епилепсија во Македонија оставени на милост и немилост

ThoughtNetwork-family-848x300Во светот веќе се повеќе се зборува за епилепсијата како тип на нарушување, кое опфаќа повеќе од 1%  од вкупната популација. Најновите истражувања покажаа дека процентот на веројатност човек да добие епилепсија е помеѓу 2 и 4%, што е процент кој не е за занемарување. Напреднатата медицина секојдневно го истражува и ова нарушување, и пронаоѓа нови антиепилептични лекови, кои во значителна мера ја подобруваат ситуацијата кај пациентите, односно нападите се намалуваат или исчезнуваат. Во тој контекст во повеќето земји антиепилептичната терапија е лесно достапна, па и целосно бесплатна, а на лицата со епилепсија им се овозможува правилен третман. Во некои од земјите лицата се категоризирани како лица со делумна способност, бидеќи епилепсијата е непредвидлива, па овие лица имаат ограничувања во работите кои можат да ги извршуваат. За жал во Република Македонија, иако лицата со епилепсија во најголем дел се способни, и можат да бидат доста продуктивни, дискриминацијата врз нив е сеуште на високо ниво, и тие се оставени на милост и немилост. Тоа го покажуваат податоците на лицата со епилепсија кои не можат да бидат вработувани, прекинат им е работниот однос, прекинати врски, и бракови. Но за среќа постојат доста исклучоци, кои ја разбираат епилепсијата, па не ги дискриминираат овие лица. Како факт дека можат да постигнат многу, се зема тоа што низ историјата постоеле многу познати личности кои имале епилепсија (Александар Македонски, Питагора, Њутан, Аристотел, Цезар, Наполеон, Достоевски, Ван Гог, Микеланџело, Да Винчи и многу други). Во светот лицата со епилепсија имаат многу можности, како при терапијата така и при други поволности. Но во Македонија никој, па ни институциите не се грижат за овие лица. Иако околу 26 антиепилептични лекови се користат во светот, кај нас можат да се набават само 11 лекови. Дел од лековите кои ги нема во земјава, лекарите ги препишуваат затоа што се доста ефикасни, па пациентите мака мачат како да ги набават. Ние од здружението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА се надеваме дека ова ќе допре до некого и ситуацијата може да се подобри. Лицата со епилепсија не смеат да чекаат воопшто, особено ако се знае дека меѓу нив има и деца. Инаку бројката во Македонија изнесува повеќе од 20000 лица со епилепсија на кои им е потребна соодветна терапија. Познато е дека одредени видови на епилепсија мораат да бидат третирани со лекови кои сега ги нема во земјава. Друг проблем со кој се соочуваат дел овие лица е скапата терапија. Лицата со епилепсија најчесто се невработени ( поради нарушувањето), и немаат доволно финансии да ја набават терапијата, која според нашите истражувања во просек изнесува околу 2000 денари по лице, но кај некои пациенти е неколкупати поголема. Покрај тоа што се залагаме за увоз на сите антиепилептици во земјава, наша заложба е и целосна бесплатна антиепилептична терапија, и овозможување на правилен третман на овие лица, како и тоа овозможување бесплатно лекување во странство на лицата со епилепсија, доколку има потреба за тоа.

Во продолжение следуваат генериките на лековите кои ги нема во Македонија:

Acetazolamide; Clobazam; Clonazepam; Eslicarbazepine acetate; Ethosuximide; Gabapentin; Lacosamide; Perampanel; Phenytoin; Primidone; Rufinamide; Stiripentol; Tiagabine; Vigabatrin; Zonisamide



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.