Вакцини: безбедност и ефикасност

Image

Поради растечкиот број на нови болести и не можноста за искоренување на старите, јасно е дека станува повеќе од потребно медицинските теории да се погледнат од друг агол кој е повеќе природно-математичко-прагматичен. Денешните “модели на болест и здравје“ не се покажаа како ефикасни во изнаоѓање на вистинските причини за болеста ниту пак во изнаоѓање на начини на ефикасно подобрувањето на здравјето на популацијата, баш напротив. Затоа е потребно нивно ревидирање. Георги Витулкас, Почесен професор на Московската академија на Медицински науки, Професор на Киевската академија за Мадицински науки, Почесен доктор на Медицинскиот универзитет во Романија и во неговата родна земја Грција, исто така награден со Алтернативна Нобелова Награда за Медицина за неговиот придонес во развојот на алтернативните начини на лекување. Еве што рекол тој уште 1991 год во својата книга“Нов модел на здравје и болест“:

-“Етаблираната медицина не успеа да превенира или излечи многу болести, пред се поради непотребната и честа употреба на јаки хемиски супстанци. Таа има ограничен поглед на тоталноста на организмот и вистинските причини за болестите. Имаме зголемени фреквенции на СИДА, канцер, астма, епилепсија, шизофренија, Алцхајмер, ревматоиден артритис, туберкулоза, кандида, Мултипла склероза, алергии…и др болести кои се тешки за контролирање, како резултат на ослабениот имун систем, поради претерана употреба на лекови.“

-“Вирусните мутации се последица на фармаколошкото загадување на човечкиот телесен екосистем.“

-“Прва задача на науката која тврди дека нејзина цел е враќање на здравјето е да дефинира што е тоа здравје. Исто така таа наука треба да ги определи параметрите, со кои ќе го мери здравјето. Се сомневам дека студентите по медицина ги учат да препознаат идеална состојба на здравје или да ги идентификуваат параметрите со кои таа може да се измери. Кога болката ќе исчезне, воспалението ќе се смири, кога патологијата не е веќе видлива – пациентот се прогласува за излечен. Сепак можноста за долгорочни нарушувања, предизвикани од третманот посебно во подлабоките слоеви на човековиот организам како имуниот и хормоналниот систем, не се земаат во предвид.“

 http://www.vithoulkas.com/en/george-vithoulkas/curriculum-vitae.html

Сведоци сме на тоа како Науката не оддалечува од природните закони а Општеството ни наметнува закони на присила кои се исто така неприродни и ГИ КРШАТ:

  1. Правото на родителот за грижа и заштита на здравјето на своето дете
  2. Правото за развивање на природен имунитет преку прележување на детските болести како дете
  3. Правото тој природен имунитет да се пренесе на поколението (плацента и доење) и со тоа да се заштити во најранливиот период по раѓањето
  4. Правото на избор
  5. Правото да се биде здрав
  6. Сите етички и морални норми

Како се брендира болест?

За да се продава одреден производ, за него мора да постои потреба. Кога станува збор за лек, за него мора да постои болест. Ако таа болест е нормален дел од процесот на растење и формирање на имуниот систем, тогаш лекот нема да биде профитабилен. Но ако болеста е тешка, со компликации, трајни последици и смрт, тогаш лекот ќе стане есенцијален. Значи:

Прво и основно, болеста мора да стане важна и затоа се потенцираат најтешките последици од неа

Второ, се плаќаат битни медицински авторитети кои во јавност ќе зборуваат за опсноста од таа болест и се плаќаат студии за поткрепа на нивните тврдења и

Трето, кога потребата ќе биде создадена, решението ќе биде понудено

На таков начин се брендираа морбилите, кои се мали сипаници и како деца сме ги прележувале без проблем и потоа како мајки сме можеле да ги заштитиме нашите новородени. Тоа беше нормална детска болест која беше пожелно да се прележи како помал. Потоа се создаде вакцината против мали сипаници и тие одеднаш станаа многу важна и тешка болест, против која, за среќа имаме лек/вакцина. Генерации се вакцинираа со вакцина чии имунитет има рок на траење од 2-7 год (максимум 10 год со сите ревакцинации и бустери), верувајќи дека се доживотно заштитени. Од друга страна самиот производител вели дека нема докази за нејзината ефикасност. И покрај сето ова науката има храброст да зборуваат за колективен имунитет а факт е дека рокот кај сите вакцини примени пред 10-15-20 год е одамна истечен, антитела не постојат и никој од тие вакцинирани луѓе веќе не е заштитен. Затоа ќе се појавуваат епидемии кај возрасни луѓе со потешки последици затоа што поради вакцината на тој човек му било оневозможено навремено да стекне ТРАЕН ИМУНИТЕТ односно му било одземено правото како дете да прележи детска болест. Истото важи и за

заушките (паротит) и рубеолата.

На таков начин се брендира полиомиелитисот кој само во 1% од случаите е паралитичен, најчесто се прележува како обична настинка/грип. Заради тој 1% од нас се бара да ги вакцинираме своите деца со жива вакцина полио која во упатството вели: Најголемиот број на поствакцинален паралитички полиомиелитис се јавил по администрацијата на првата доза од вакцината. https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/56166

Во Индија во 2011 год имаше 47.000 деца со парализа предизвикана од вакцина против полио 

Во Индија во 2013 год 53.000 деца со парализа предизвикана од вакцина против полио 

Живата вакцина против полио единствен извор на полио

Време е да се збогуваме со живата полио вакцина 

На таков начин се брендира Хепатитис Б кој се пренесува преку крв, игла, сексуален однос, заразена мајка, и сега( од 2005-6) на новороденчиња родени од здрави мајки во првите часови после раѓање им се дава вакцина против оваа заразна болест кај се препорачува на ризични групи: наркомани, проститутки, пациенти на долготрајна дијализа, лица кои се тетовираат и практикуваат пирсинг и сл. Се повзува со појава на аутизам, има 10пати над дозволените количества алуминиум,сеповрзува со дијабет тип 1,системски лупус, ненадејна смрт на новороденче (СИДС).

Така се брендираа дифтерија, пертусис, тетанус, кои се бактериски инфекции кои успешно се лекуваат соантибиотици.Имунитет стекнат од вакцини кај овие болести никогаш не е докажан.ЦДЦ информира дека заовие болести вакцина треба да се прима секои 10 години до крај на животот. Но меѓу несаканите дејства на оваа вакцина се: Guillain-Barré syndrome, brachial neuritis, Convulsions, Hypotonic–hyporesponsive episodes,енцефалопатија, енцефалитис. Во САД е исплатена судска одштета во висина од 61 Милион Долари за Церебрална парализа, Енцефалопатија, Напади, и Ментално заостанување предизивикана од оваа вакцина http://www.mctlawyers.com/vaccine-injury/cases

Така се брендираше и вирусот ХПВ и ракот на грло на матка, кој одеднаш стана епидемија кога вакцината беше спремна но не и проверена на целата популација за која се препорачува. Иако вакцината штити само од 4 подтипа на вирусот, од вкупно 200, има генетски модифицирани вируси, двојно поголема доза на алуминиум од другите вакцини, Полисорбат 80 (кај женски заморчиња предизвикува стерилитет, кај машки атрофија на тестиси). Сега се повлекува од пазарите во светот,поради несаканите ефекти кои човечките заморчиња – тинејџерки, ги доживуваа. За само 7 години (2006-2013) во САД , пријавени се 30. 674 несакани реакции од кои 140 смртни случаи, 963 трајни инвалидитети, 6085 никогаш не се оправиле 534 позитивни ПАП резултати 216 дисплазии на грлото на матката и 65 случаи на рак на грлото на матката.

Најсвежо брендирање беше сега скоро за свинскиот грип, кој се појави одненадеж, исто како и вакцината за него, за која се фрлија големи пари.

КОРИСТ И ШТЕТА

Секој лек е во исто време и отров. Она што медицината треба да го прави е да измери дали е поголема користа или штетата од тој лек. За користа на вакцините до сега многу се зборуваше, како за историско достигнување на медицината, но за штетите се молчеше. Дојде времето и кај нас како и секаде во светот да проговориме за штетите од вакцините. Но пред да го направиме тоа, треба да провериме дали навистина вакцините не спасиле од сите тие болести од кои требале да не спасат или не.

КОРИСТ – Официјалните статистики велат дека90%од болестите биле над 90% искоренети во моментот когавакцините биле воведени.

Image

 

mali sipanici

 

Самите производители во своите службени документи наведуваат дека “Иако нема расположливи податоцикои се однесуваат на протективната ефикасност,имуногеноста е прифатена како индикација за протективанефикасност.“

ШТЕТА – Вистинската фреквенција на појава на несаканите реакции кај нас не е можно да се детерминиразатоа што за тоа мора пред се да имаме развиен систем за пријавување на несакани реакции

Пријавувањето на несаканите реакции кај нас е на многу ниско ниво и затоа нашите епидемиолози треба даја кријат бројката од 0,00078% пријавени реакции од вакцини кога тој процент во светски рамки се движи над 10-15%. На пола милион дози колку што просечно во РМ се аплицираат, ако ги следиме светските рамки би требало да имаме околу 50.000-75.000 пријавени случаи годишно, а не само 4 како што тоа кај нас се прикажува.

Американскиот систем формиран од ФДА кој се нарекува ВАЕРС (VAERS – Vaccine Adverse Events ReportingSystem),наведува следни податоци:

  1. Во 2011 во САД имало 6 пати повеќе пријавени несакани реакции на вакцината против морбили отколку пријавени случаи на морбили. Од 698 пријавени реакции на вакцината имало и 4 смрти случаи и 280 посети на брза помош.
  2. Анализа на 3,5 год период на собрани несакани реакции од ВАЕРС за пертусис вакцината: 285 смртни случаи, 971 сериозни несакани и 4514 несериозни несакани реакции.
  3. Поливалентните вакцини резултираа со 145.000 смртни случаи на деца во изминатите 20 години (табела)
  4. Во тек на 3 години за вакцината ДТП пријавени се 12.504 реакции-144 смртни случаи/год
  5. Во тек на 4 години од ММР вакцината биле пријавени 5800 реакции, од нив 3063 биле итно хоспитализирани, 616 продолжено лекувани, 309 никогаш не се опоравиле, 54 деца останале трајно хендикепирани и 30 деца починале.
  6. Оралната (жива) полио вакцина има 13.640 пријавени реакции, од кои 540 смртни случаи за 5 години.
  7. Годишно од вакцина против Хепатитис Б умираат по 54 деца во САД.

gg

ФДА смета дека 10-20% од сите појавени реакции на вакцини се пријавуваат во ВАЕРС . Тоа значи сите горе наведени бројки слободно може да се помножат со 10.  http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1494800

Тоа што РМ се наоѓа на прво место во Европа по стапката на смртност на доенчиња сама по себе е алармантна и треба да покрене некаква одговорност.

gИсто така не признавањето на здравствените власти дека порастот на Јувенилниот дијабет кој е автоимуна болест е резултат во најголем дел на вакцинацијата со ММР и Хеп Б вакцините, за кои што веќе постојат бројни студии а и самите статистики јасно говорат.

 

 

Дури и производителот на ММР вакцината наведува дијабет како несакана реакција

А кај нас бројките говорат сами за себе. Ако 1990 год на 100.000 жители сме имале 22 случаја на дијабет тип 1, 2008 година таа бројка е 39 случаи на 100.000 жители, што е пораст од77%за18години. Галопирачкиот тренд на ова доживотно онеспособувачко нарушување е уште повеќе забрзано од 2005 год па наваму, од кога задолжителна стана вакцината против Хеп Б.

ggg

http://data.euro.who.int/hfadb

АДЈУВАНСИ ВО ВАКЦИНИТЕ

Алуминиум:

Го има 10 пати над дозволената граница поставена за инфузии (25 mcg). Во ДТП вакцината декларираните концентрации на алуминиум се 170–625 mcg . Во вакцината против Хепатит Б која се дава неколку часа после раѓање е 250 mcg. Праксата да се даваат по неколку вакцини заедно, уште повеќе ја зголемува количината. Алуминиумот инјектиран има изразени невро токсични ефекти . НАТО и многу студии кои тврдат дека Алуминиумот предизвикува зголемена продукција на Имуноглобулин Е кој е одговорен за анафилактична реакција и за сите алергии. . Познато е дека вакцини кои содржат алуминиум не можат да покренат клеточен имунитет кој е основа за Колективниот имунитет. Ниту една студија се нема изведено да се утврди канцерогеноста и генотоксичноста на алуминиумот. Алуминиумот предизвикува пораст на бројот на антитела и затоа се додава на ослабени или мртви вакцини. Без алуминиумот производителот нема да може да докаже дека вакцината е ефикасна.

Жива:

Етил-меркури – Тимеросал е органска молекула во која живата е застапена со 49,55%. Во организмот етил-меркури со деметилација се претвора во метил-меркури кој се деметилира во неорганска жива и се акумулира во ткивата. Руска и Јапонска студија докажале дека само 15% од етил-меркури е излачен од организмот. Дозволено количество на жива е 0,1микрограми/кг/ден. Пресметано за дете од 10кг тоа би било 1 микрограм жива на ден.Инјектираната жива е многу поопасна од проголтаната. Во ДТП вакцината има 25 микрограми жива (25 пати над дозволеното), три пати во 6 месеци. . Новороденчињата немаат развиен систем на детоксикација (хепар, бубрези). Живата се исфрла така што се прикачува на жолчката лачена од хепарот (жолчка почнува да се произведува 6 месеци по раѓање). Првите шест месеци бебето нема механизам да ја исфрли живата. Новороденчињата немаат дооформена крвно-мозочна бариера и живата лесно навлегува во мозочните клетки. За живата се знае дека е канцерогена, и екстрамно токсична во многу мали количини. Сега живата е исфрлена како додаток во повеќето вакцини, но вакцините и понатау се третираат со жива и таа е повторно во вакцините, но сега не се споменува.

 Andrew Wakefield, кој докажа линк помеѓу вакцините,воспалителните цревни болести иаутизмот,бешена почетокот дискредитиран, но потоа, се појавија и други студии кои ја поткрепуваат неговата.

Неговиот труд е признат во 28 земји и објавен во 34 стручни списанија. Нови студии ги потврдуваат неговите резултати.

АВТОИМУНИ БОЛЕСТИ и КАНЦЕРИ

Хуморален (антитела) & Клеточен (Т клетки) имунитет

Имунитетот е составен од два сегмента. Хуморален претставен од антителата кои циркулираат низ крвта и препознаваат натрапници. Автоимуните болести се резултат на ненормална работа на хуморалниот имунитет (антитела). Клеточниот имунитет е имунитетот кој памти.

  1. Вакцините делуваат на хуморалниот имунитет (активираат)

Вакцините со алуминиум го супримираат клеточниот имунитет, кој треба да памти, да се бори со автоимуните антитела (да ги брани органите од нападите на антителата) и со клетките на ракот.

  1. Вакцините делуваат на клеточниот имунитет (супримираат)

Ако вакцините се активатори на причинителите а супримирачи на бранителите од автоимуни болести, тогаш многу е логично причина за епидемијата на автоимуни болести да се бара во вакцините.

Канцери и Стелт вируси

Во 1960 год пронајден е вирус од Симијан мајмун во човечко канцерогено ткиво СВ-40. Многу години подоцна оваа мистерија се разјасни кога се открија документите за онечистувањето на полио вакцината која се одгледуваше на клетки од мајмун од видот Симијан. Потоа производството се префрли на клкетки од Африкански зелен мајмун, но повторно истите онечистувања се појавија во вакцините, во помала количина и можеа да се откријат само со пософистицирани методи. Стана јасно дека научниците се немоќни да го одстранат тој вирус од вакцината. Др.John Martin, виролог и поранешен вработен во ФДА, вршел истражувања на одредени комплексни невролошки пореметувања и открил вируси кои не предизвикуваат имун одговор

кај човекот. Телото очигледно не прави напор да го исфрли вирусот и затоа биле наречени Стелт вируси, поради својата способност да оперираат во телото недетектирани од имуниот систем на домаќинот. Вакви вируси се пронајдени кај луѓе со аутизам, синдром на хроничен замор, недостаток на внимание, хиперактивност и други невролошки болести.

Вирусите се специфични за секој вид на организам. Секој вид животно, инсект или растение или бакерија има свои специфични вируси. Проблемот со Стелт вирусите е тој што се тие со човечко потекло но поради тоа што многупати се реплицирани (размножувани) на животински подлоги , тие повеќе не се човечки вируси. Овие вирусиимаат капацитет да асимилираат гени од подлогата на која растат и се размножуваат. Дополнително инкорпорираат и бактериски гени од онечистувањата и во суштина овие вируси се комбинација на човечки, животински и бактреиски гени. Др. Harold Buttram го открил исто така феноменот на стелт вирусите паралално со Др.John Martin, и својот труд го објавил во Clinical Immunology and Immunopathologu (vol 88(1) од 1998.

Др. Vijendra Singh од универзитетот во Мичиген открил дека најголемиот број на деца со аутизам имаат антитела против мозочното ткиво, поточно миелинската обвивка. Тој успеал да пронајде врска помеѓу овие антитела и антителата против морбили, заушки и рубеола. Сите деца биле вакцинирани, ниту едно немало приридно прележана ниту една од трите болести.

Нашиот Македонски научник Др.Петар Ивановски од Битола на престижниот детски онколишки конгрес, изнесол испитувања кои ја доведуваат во врска вакцината против дифтерија и појавата на леукемија кај децата. На испитување бил поттикнат од проф. Melvil Grejvs кој успеал да докаже дека гените за леукемија се создаваат уште во утробата на мајката, и дека децата уште при раѓање имаат Б лимфоцити кои го содржат генот за леукемија. Остана науката да открие кој е тригерот кај овие деца, односно што ги активира тие клетки во телото кај деца баш на одредена возраст меѓу 2-5 години. Леукемијата кај деца е модерна болест, која започнува да се манифестира со појавата на вакцината против дифтерија.

НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДЕЦА СЕ ПОЗДРАВИ ОД ВАКЦИНИРАНИТЕ

Астма Вакц 15% – Невакц 3%

Егземи 28% – 13%

Инфекции на уво 25% – 6%

Апнеа 6% – 1%

istrazuvanje kaj nevakc deca

crop

 

 

 

Автор: Весна Симонова, дипл.фарм.спец. по фармакоинформатика
Извор: Здравје на игла не влегува


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.