ЛОВОРОВ ЛИСТ КАКО ЛЕК


Освен што го подобрува вкусот на повеќе видово јадења, ловоровиот лист има многу лековити својства: го поттикнува доброто расположение, го регулира варењето на храната, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.lovor

Чај од ловор е добар за дијабетичари, ја исфрла солта од зглобовите а прскање низ просторија ги растерува мувите и другите инсекти.

Масло од ловор е едно од најефикасните средства за зајакнување на имунитетот, посебно во состојба на стрес.

Ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфните жлезди. Втријување со само неколку капки масло од ловор на лимфните жлезди доведува до моментално чувство на олеснување. Одлично е за спречување од грип и инфекции.

Исто така помага при главоболки, особено при мигрена. Бидеќи има силен аналгетски ефект, етеричното масло од ловор се користи и против силни болки во мускулите, односно грчеви.

Делотворно е кај ревматизам, а се препорачува и кај болни и проширени вени.

Во козметиката може да се додава во разни креми и лосиони за масна кожа како и во шампони за масна коса и кожа на главата.

Инхалација со мали количини масло од ловор доволно е да се ублажат проблемите со дишните патишта

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.