Марихуаната за медицински цели ќе биде легална и во Македонија

Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во Македонија. Маслото од ова растение наредната година ќе им биде достапно на пациенти со онколошки заболувања, ХИВ и за болка. Но тоа ќе биде под надзор и строго контролирано.cb

Министерството за здравство со предлагање на законските измени ја почна постапката за легализација.  Канабисот ќе се одгледува во земјата и тоа само од компании кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти. Соодветен простор за одгледување со ограда висока најмалку 4 метри, 24 часовен видео надзор, целодневно физичко обезбедување и контролиран семенски материјал се само дел од условите што мора да ги има фирмата.Процесот ќе го надгледуваат агроном и фармацевт.

– Веќе разговаравме со фармацевтски компании..Очекувам сериозен интерес и од домашни и од странски компании да произведуваат коноп во Македонија и во Македонија да се произведува лекот односно екстрактот од канабис и да се најде во аптеките и да биде достапен до пациентите, изјави Никола Тодоров министер за здравство.

Маслото од канабис ќе биде на рецепт и ќе го пропишува специјалист во болничка установа. Корисниците ќе го плаќаат во аптеките. Лекувањето ќе биде со медицинска препорака, под медицински надзор и истото нема да претставува замена на конвенционалната медицинска терапија. Ако досега пациенти на своја рака го набавуваа лекот по илегални канали, сега ќе биде под строга контрола.

– За издавањето на препаратите ќе се води детална евиденција во Книга за наркотика во аптеката, односно ќе се евидентираат лични податоци за пациентот кој ја користи терапијата (или за лицето кое во име на пациентот ја подигнува терапијата), лекарот кој ја препишува терапијата, и дијагнозата на пациентот. За постапувањето спротивно на овој Закон, во делот на одгледување, производство на екстракти и издавање на препаратите, се предвидени соодветни кривични дела и прекршочни санкции, изјави Тодоров.

Предлог законот деновиве ќе се најде на владина седница а здрвствените власти ќе организираат уште една јавна дебата за да слушнат дополнителни мисења. очекуваат целиот процес да заврши до март. Препарати на база на коноп за медицински цели е регулирано во 13 земји од Европската Унија.

Извор: ПЕЛАНЕТ



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.