Одбележан 3ти Декември – светскиот ден на лицата со попречености

По повод 3-ти декември Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, волонтери на Здружението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА, денес го посетија „Дневниот центар за деца со посебни потреби“ во Прилеп.

Неизмерна беше радоста на децата во центарот, каде Здружението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА подели пакетчиња со прехрамбени производи.12341232_1681971565381019_822024926648554584_n12341272_1681971595381016_1786566627626712000_n11046797_1681971538714355_4924788554432928989_n

Иако мал е процентот на лица со епилепсија кои имаат потешкотии и пречки во развојот, сакаме да покажеме дека сите заслужуваат внимание. Ова е уште една активност со која сакаме да ја покажеме нашата хуманост,  во рамки на можностите се грижиме за повеќе целни групи. Продолжуваме и понатаму секојдневно да се трудиме и помагаме онаму каде што е најпотребно, претставуваќи исто така една маргинализирана група, која се залага за правилно вклучување во општеството – порачаа волонтерите на Здружението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА.5902-3-ti-dekemvri-den-na-decata-so-invaliditet-960x600-20



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.