АВОКАДО- совршена храна во кетогената исхрана и богат извор на хранливи материи

avokadoУште едно тропско овошје кое се појави на нашите пазари е темнозеленото, со крушкаст облик, авокадо. Всушност, со оглед на тоа како се користи, останува прашањето: дали е овошје  или зеленчук. Авокадо потекнува од тропските региони на Америка, а во некои култури се смета за афродизијак, што не е изненадувачки, бидејќи  познато е дека содржи 17 витамини и минерали и повеќе калиум од многу други овошки и зеленчук. Созрева откако ќе се набере, за десетина дена на собна температура. Кога ќе созрее,  доволно е меко за да може да се пасира, и може да се користи како прелив за печени компири или да го додадете во салати  за да ги згусти.  Во 100 грама авокадо има околу 74 грама (81 %)  вода, 1,98 грама протеини, 15,32 грама масти, заради што има 161 kcal, како и 7,39 грама јаглехидрати и пет грама влакна. Веќе рековме, има 599 милиграми калиум, фосфор 41 милиграм, 39 магнезиум, 11 калциум , 10  натриум, железо 1,02, а од други елементи: 0.42 милиграми цинк, 0,4 милиграми  селен, 0,262 милиграми  бакар и 0.226 милиграми  манган во 100 грама. Меѓу витамините најзастапен е Ц витминот, застапен со 17 милиграми, витамин Б3 кој има 1.921 милиграми, 0,971 Б5, Б6 0.28, Б2 и B1 0,122 0,108 милиграми, 62 микрограми фолна киселина, витамин А 20 микрограми и витамин Е  1 , 34 милиграми.

Авокадо e совршена храна за кетогена исхрана, бидеќи е богато со мононезаситени масти, омега-3 масти, и многу ниско ниво на јаглени хидрати. Авокадото исто така, имаат 60% повеќе калиум од бананите.Има студии кои покажуваат дека консумирање на авокадо секој ден (редовно) го намалува холестеролот и триглицеридите.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.