ДА СЕ ОБИДЕМЕ ДА ГИ ЗАПОЗНАЕМЕ е насловен новиот спот на Здружението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА.
Спотот беше промовиран на едукативно- промотивниот настан, „Инспирација, свест, поддршка, единство, надеж, сила!“ кој се одржа на 22 Ноември во Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија во Скопје.
Овој краток спот опишува со што всушност се соочваат лицата со епилепсија. Дискриминацијата е сеуште на високо ниво, да го промениме тоа … ДА СЕ ОБИДЕМЕ ДА ГИ ЗАПОЗНАЕМЕ … лицата со епилепсија.