Промовирана книгата „ЕПИЛЕПСИЈА, да се живее со неа“ на проф. др. Чепреганов

Денес, по повод Ноември, месецот на епилепсијата, со почеток во 10 часот, во Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија беше одржан едукативно промотивниот настан „Инспирација, свест, поддршка, единство, надеж, сила!“ во организација на Здружението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА.2-page-001

На настанот беше промовирана книгата “ЕПИЛЕПСИЈА, да се живее со неа„ , а едукативно предавање одржаа проф. др. Методи Чепреганов, епилептиколог, и др. Драган Јованов, фитотерапевт. На овој настан исто така беја изложени и дела на лица со епилепсија, членови на здржението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА.

Целта на овој настан беше подобрување на свеста за епилепсијата како нарушување, што преку своите рачноизработени дела, членовите на здружението практично го покажаа пред присутните. 3-page-001

Поголем дел од лицата со епилепсија можат да водат нормален живот, да основаат семејство и да работат на соодветни работни позиции – рече во своето обраќање проф. др.  Чепреганов, кој како еден од најпознатите епилептиколози во земјава даде примери како се третираат лицата со епилепсија во западните земји, а како во Македонија.

Со правилна исхрана, и употреба на природа храна и билки , епилептичните напади можат да се намалат па дури и да исчезнат – истакана др Јованов, кој исто така даде некои совети кои растенија смејат а кои не да ги користат лицата со епилепсија.4-page-001

На крајот од овај настан на присутните им беше поделен бесплатен примерок од книгата „ЕПИЛЕПСИЈА, да се живее со неа“, која е во издание на Здружението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА, а автор е др Чепреганов. Оваа книга претставува еден прирачник за тоа како треба да се однесуваат лицата со епилепсија према сопственото нарушување, но и општеството како полесно да ги прифати овие лица.

Недоволната едукација за епилепсијата како нарушување, изградила цврсти бариери, и голема е стигматизацијата на лицата со епилепсија во Македонија – посочија од Здржението ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА, но ќе се тдиме пред јавноста да докажеме дека лицата со епилепсија во најголем дел может да бидат продуктивни, и согласно своите можности да извршуваат одредени работни обврски.

Голема благодарност до претседателот на Република Македонија, др Горѓе Иванов со чија поддршка беше реализиран  овој настан, кој се надеваме ќе прерасне во традиционален.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.