Кетогена диета за епилепсија

Епилепсијата е невролошко нарушување, хронично пореметување што се јавува во вид на повторувани епилептични напади

Епилепсијата се манифестира со ненадејно ослободување на електричните импулси преку преосетливи клетки што резултира со епилептични напади. Епилепсијата, исто така, може да се јави и кај мажите и жените, и не е поврзана со возраста на лицата.

Науката сеуште потполно нема утврдено, што точно доведува до појава на епилептични напади, но било каква форма на стрес во телото може да ги предизвика. Хроничен замор и исцрпеност, менструални циклуси кај жената, прекумерно консумирање на алкохол, температура, генерално стресна животна средина во која денес главно живееме , но исто така и различните метаболички нарушувања, исто така може да доведат до нарушувања на централниот нервен систем.

Во согласност со познати научни истражувања, кетогената исхрана е всушност режим на исхрана кој помага да се намали зачестеноста на епилептични напади и често се користи како помош во лекувањето на епилепсија. Научното истражување на Американското здружение за епилепсија, која беше спроведено во декември минатата година даде интересни резултати. Испитувќи луѓе кои не можат да се третираат со конвенционалната терапија, туку  само со кетогена диета, беше откриено дека бројот на напади е намален за повеќе од 50 проценти, а од тој број 28 проценти од пациентите не добиле повеќе напади. Режимот на кетогена исхрана  или модифицирана Аткинсонова диета траела 13 месеци.

Други научни истражувања спроведени во 2009 година на 43 деца покажа дека кетогената диета со голема количина на масти, а многу мала количина на јаглехидрати, доведе до намалување на нападите кај децата за 90 проценти.

Исто така, научните истражувања, кои во Октомври 2014 година, ги спроведе Американската академија за неврологија, покажаа дека кетогената, односно модифициран Аткинсонова диета помага во намалување на фреквенцијата на нападите, но исто така е многу комплицирана за долготрајно спроведување, заради што многу од пациентите не ја практикуваат оваа исхрана за цел живот.

Спроведување на кетогената диета

Кетогена диета значи диета која содржи големи количини на масти, со екстремно ниски дози на јаглени хидрати.  Јагле хидратна група означува група на храна во која  припаѓаат житарки (ориз, леќа и сите производи од житарици (леб, пецива, тестенини …), потоа разен зеленчук со скроб (грав, грашок, пченка, соја, компир …) и овошје .

Предност се дава на групата на масти (разни масла и масти, сирење, павлака, путер, јаткасти плодови, семки), протеини (месо, риба, јајца, млечни производи) и храна која не содржи значајни количини на јаглехидрати, како што се зеленчукот. Во групата на масти, важно е да се даде приоритет на незаситени масти како маслиново масло и јаткасти плодови, со цел да се подигне квалитетот на исхраната. Јаткастите плодови и семките, како што е лененото  семе, се интересен извор на растителни влакна, и тие мора да бидат вклучени во исхраната за да спречат несакани состојби како што е запек, кои често може да се случи при спроведување на кетогената исхрана.

Со оглед на тоа дека соодветната исхрана е ефективен метод како помошен начин при целокупниот третман,  потребно е не целосна елиминација на јаглехидрати, но да се внимава на нивниот сооднос. Во креирањето на соодносот и спроведувањето на диетата потребно е следење од нутриционист или диететичар, кој ќе го утврди соодносот и ќе создаде соодветно мени. Просечниот сооднос на масти и јаглехидрати е 2: 1, а понекогаш и 4: 1 во корист на мастите. Кетогената исхрана, исто така, се состои од храна на групата на растителни масти со многу ограничена количина на јаглени хидрати кои беа наведени.

Со цел да се задржи подобар квалитет на исхраната, во кој е дозволен сооднос во кој во оброкот може да се користат и малку повисоки количини на јаглехидрати. Овие масти се познати и како МЦТ масти, а посебни се затоа што се апсорбираат во тенкото црево, без помош на ензими во нашето тело. Освен што наведените масти се достапни по препорака на лекар, најдобар извор на храна е кокосовото масло.

Кетогената диета е помош во третманот кај епилепсијата, но со цел да биде добро спроведена, потребен е индивидуален совет на доктор и нутриционист или диететичар.

Маг. Нутриционист Diana Gluhak



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.