9 лековити препарати од ореви кои можете да ги направете сами

Walnuts on white background

www.epilepsijamakedonija.mk

Оваа есен задолжително имајте ги при рака.

Тие  се вистинска ризница на здравје, полни со антиоксиданси и хранливи материи.
Од овие хранливи намирници може да се направи кулинарски деликатеси, но исто така и лековити смеси , кои ќе го шттат вашето здравје во текот на годината.

Некои од овие смеси може да се припремат веднаш, додека за други може да почека до пролет или наредната сезона.

 

Ореви со мед за подобра плодност и потенција

Оревите се природен афродизијак, содржат витамини Б1 и Б2, кои на телото му даваат енергија,  и витални  елементи кои се важни за развој на половите жлезди.

Богати се со цинк, кој е важен за нормална сексуална активност и работа на простата.

Има  подобрено дејство, кога е во комбинација со мед, кој, исто така, изобилува состојки неопходни за машкото репродуктивно здравје.

Докажано е дека никој фармацевтски препарат не може да се мери со оваа комбинација по ефикасност.

Во еднаков сооднос, измешајте мелени  ореви со мед од костен и јадете три лажици од смесата, 3 пати на ден.

Со цел да се постигнат саканите ефекти, терапијата треба да трае најмалку 20 до 30 дена.

Оваа мешавина е ефикасна и при висок крвен притисок и главоболка.

Мешавина против анемија

Со оваа мешавина победете ја анемијата и исцрпеноста.

Подгответе ја смесата од пола килограм ливадски мед,  половина килограм мелени ореви и еден лимон.

Добро се меша и се зема по една лажичка на секои три до четири часа.

Млеко од ореви против чир

Млекото од ореви  е лек кој се користи за зараснување на чир на желудникот.

За да се подготви млекото се преливаат 20 грама мелени ореви со 2 дл врела вода.

Се протресува добро, се цеди и се додава лажица мед.

Пред секој оброк се зема 5-6 мали лажици млеко од ореви.

Зелени ореви за Тироидната жлезди

Младите зелени ореви се богати со главнитесоставни делови на хормоните на тироидната жлезда – јод и тирозин.

Во клиничките испитувања, потврдено е дека маслото од зелени ореви  значително го зголемува нивото на тироксин.

Оваа подготовка на зелени ореви е многу популарна во третманот на хипотироидиза на природен начин.

Во ист сооднос, се меша мелени зелени ореви (со големина на лешник), со мед.

Оставете го во темно место  30 дена. Земете по една лажичка на ден.

Традиционалната руска тинктура за сите видови на рак

Сомелете  150 грама  корен од валеријана, 50 грама  морско оревче, 50 грама  пупки од бреза, прелијте ги со половина литар вотка или ракија и додадете 150 грама целиот лушпи од зелени ореви.

Оставете да отстои за десет дена во темно место.

Земете 15 капки од тинктура во 1 дл вода, три пати на ден, половина час пред јадење.

Рецепт за покривање дамки витилиго

Соберете зелени ореви пред зреење. Намачкајте ја дамка со внатрешниот дел на лушпата од орев. Три дена мачкајте го истото место со сок и обидете се  да не го измијате со вода. Зелените ореви може да ги замрзнете и да ги чувате до следната сезона.

Чај од млади листови од орев за чистење на крвта

Чајот направен од млади листови од орев се применува како средство за чистење на крвта. Одлично делува  против кожни болести, дијабетес и жолтица, хемороиди, паразити, артритис, и како резултат на ниското ниво  на  натриум се препорачува и кај бубрежно болни пациенти.

Листовите се сушат по бербата.

Подгответе го чајот на следен начин: две лажици сушени листови прелијте со 2 дл ладна вода и варете пет минути. Оставете така покријано петнаесет минути и процедете. Секојдневно можете да пиете 2-3 чаши.

Прашок за зајакнување на телото и заздравувањето на раните

Сомелете ги исушените зелени лушпи.
За зајакнување на телото, дезинфекција и заздравувањето на раните земете две лажички од прашокот во течност.
За надворешна употреба, се меша со четири лажички чај од ајдучка трева и се нанесува на раната.

Сируп од свежи млади листови за здрава кожа

Прелијте со еднаква тежина на листови и алкохол и оставете да отстои 48 часа.
Додадете доволно мед за да добиете густ сируп. Земете една лажица пред јадење.

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.