Имав епилепсија – открива познатиот поп пејач

Музичкиот поп ветеран Принц откри дека како дете имал  епилепсија.

Педесетгодишниот пејач ја откри својата борба со нарушувањето за време на интервјуто со новинарот на „PBS“ Травис Смилеј.

-Досега никогаш немам зборувано за ова, но роден сум со епилепсија. Кога бев млад честопати имав напади. Мајка ми и татко ми едноставно не знаеја што прават и како да се справат со моето нарушување. Сепак се справуваа најдобро што можеа, откри Принц.

Познатиот пејач откри дека на моменти и самиот ги тешел своите родители.

-Мајка ми ми кажа дека еден ден сум и рекол: „Мамо повеќе нема да сум болен“. Таа ме прашала од каде знам, а јас сум и одговорил „Ми кажа еден ангел“. Искрено јас не се сеќавам на оваа случка, но таа се сеќава, изјави пејачот.
Извор: idividi.com.mk



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.