Живот со епилепсија

                                                                      

Најголем дел (околу 90%) од децата со епилепсија во  училишна возраст, може да бидат вклучени во училиште или градинка. Препорачливо е  персоналот да биде  запознаен со состојбата на детето, за соодветно постапување во случај на напад на епилепсија.ze

  • Што може да предизвика напади и како да ги избегнете нападите?
  • Каква е врската на спиењето со епилепсијата?
  • Како да се води нормален живот ако нападите можат да се појават во секое време?
  • Можат ли деца со епилепсија редовно да посетуваат градинка и училиште?
  • Дали епилепсијата е причина за нарушување на однесувањето и емоционална нестабилност на едно дете?
  • Се влошува ли состојбата со текот на стареењето?
  • Дали епилепсија влијае на менталната способност ?

Што може да предизвика напади и како да ги избегнете нападите?

Познато е дека постојат така наречени фотосензитивни провокативни фактори што може да предизвикаат напади. Затоа, во овие случаи се работи за фотосензитивна епилепсија. Обично, фотосензитивната епилепсија се јавува кај децата и адолесцентите, а поретко кај возрасните. Овој вид епилепсија може да биде предизвикана од: гледање телевизија (особено на т.н. Lightshow), но провокатори можат да бидат компјутерските екрани (видео игри), и возење низ дрворед или гледајќи низ прозорецот на забрзан воз или автобус и одраз на сонцето во  водата.

Во овие случаи помогнат поларизирани очила за сонце. За гледање телевизија се препорачува да се стави еден светлосен извор на телевизорот или во околината, за да  се намали  контрастот на телевизорот и околината. Да се ​​минимизира ефектот врз мозокот доволно е покривање на едното око (монокуларно гледање) или при гледање направете кратка пауза. Трепкачките светла во дискотеките, исто така може да предизвикаат напади и во некои земји постојат прописи за количината на блесоци по единица време за да се избегнат горенаведените појави.

Каква е врската на спиењето со  епилепсијата?

Епилептични напади може да се појават во будност и / или спиење.

Често се зборува за ноќни напади, што е погрешно, бидејќи тие се напади кои се случуваат за време на спиењето било да е ноќ или ден, особено во текот на попладневнат релаксација..

Напади може да се појават кај  поспаност или во која било фаза на спиењето (главно површни фази на спиење или при преминот од една фаза во друга), а исто така и при будење.112-page-001

Кај  многу луѓе со епилепсија ризик фактори за појава на напади може да бидат не спиењето цела ноќ, почесто касно легнување или општ недостаток на сон.

Ова ја оправдува причината зошто често бара ЕЕГ снимање по делумно или целосно непроспиени ноќи.

Не спиење или отсуство на сон ја зголемува можноста за појава на ЕЕГ абнормалност во снимката.

Прекумерната дневна поспаност не е поврзано со самото нарушување.

Заморот и поспаноста често се поврзуваат со антиепилептичната терапија, па за ова треба да се консултирате со лекар.

Треба да се напомене дека нападите во спиење многу ретко преминуваат во напади во будност, во т.н. мешани форма на епилепсија. Појавата на напади само во сон е олеснителен фактор при вработување и добивање возачка дозвола.

Не смее да се заборави дека во текот на спиењето може да се случат, и други клинички форми, како што се: ноќен страв, мори, енуреза и слично, што не представуваат епилептични манифестации. Но, за тоа потребно е  да се консултирате со лекар специјалист, кој ќе ја донесе конечната одлука за дијагнозата и можната потреба за третман.

Како да се води нормален живот ако нападите можат да се појават во секое време?

Точно е дека нападите може да се случат во секое време и без јасна причина. Сепак, кај многу луѓе нападите  се случуваат во одредено време на 24-часовен циклус, или се предизвикани од некои фактори кои придонесуваат за појава на нападите. Затоа, неопходно е да се воочат  ситуациите кои предходат  нападите и дали тие можат да бидат со нив во причинско-последична врска. На овој начин, повеќе напади нема да биде комплетно непредвидливи, и се отвора можноста за нивна превенција.

Најважните неспецифичните фактори кои може да предизвикаат  епилептични напади се следниве:

  • Нередовно земање на лекови;
  • Недостаток на сон;
  • Конзумирање на премногу алкохол;
  • Зголемен физички или ментален стрес.

Кај некои жени, хормоналните  промени во текот на менструалниот циклус, исто така може да се поврзат со појавата на напади.

Постојат и специфични провокативни фактори кои играат улога само кај некои поединци. Најпознат е  ефектот на блиц светлина што може да дојде до израз  при  гледање  телевизија, во дискотеки или слични ситуации. Исто така и  некои видови на храна или пијалок кај особено чувствителни луѓе можат да придонесат за појава на напади.

Можат ли деца со епилепсија редовно да посетуваат градинка и училиште?

Најголем дел (околу 90%) на деца со епилепсија посетуваат  редовно училиште,или  може да бидат вклучени во градинка. Препорачливо е персоналот де биде  запознаен со состојбата на детето, за правилно да се постапи во случај на напад.

Мал број на деца и адолесценти (околу 10%) со епилепсија кои имаат  и други невроразвојни потечкотии (ментални, моторни, сензитивни)  посетуваат  училиште со личен пристап, прилагодена програма или се вклучени во центар  за образование, каде што се врши сеопфатна едукација на децата посебни потреби.

 Дали  епилепсијата е причина за  нарушување на однесувањето и емоционална нестабилност на едно дете?

Нарушување во однесувањето  (хиперактивно однесување, намалена способност за концентрација со последица  незаинтересираност за понудените објекти, емоционална нестабилност) често се забележани кај децата и адолесцентите со епилепсија (во околу 30% од децата каде  епилепсијата  не е придружена  со органско оштетување на мозокот). Причински фактори се повеќекратни: се повторуваат епилептичните напади, несоодветен е  изборот на антиепилептици, патолошка појава во електроенцефалограм (ЕЕГ) со психосоцијални фактори, како што се познавање на хронични заболувања на мозокот, зголемен заштитнички  однос на родителите и наставниците, отежната  способност за социјализација во друштво на своите врсници.

Се влошува ли состојбата со текот на стареењето?

Дури ни во спонтан тек, што значи дека дури и да  не се третира епилепсијата,  не се влошува со  стареењето, напротив, таа го слабее поради општата реактибилност на  мозокот.  Сепак, во староста,  појавата на нова епилепсија е поголема затоа што оштетувањата на мозокот се побројни. Но лошите последици од овие оштетувања , заради општото намалување, возбудливоста, исто така, не резултираат  со чести напади.

 Дали епилепсија влијае на менталната способност ?

Тешки форми на конвулзивни напади и психомоторни епилепсија на кои е жариштето е во фронталниот или слепоочниот лобус на мозокот,  ако не се соодветно третирани или   со текот на годините покажат  тврдокорност кон третманот,  може давлијаат на  намалување на менталните способности и го менуваат карактерот на лицето, и во релативно мал број случаи може да предизвика вистинско ментално нарушување.

111-page-001Ослабувањето на интелектуалните способности и успорувањето  на психомоторните  реакции, може да предизвика и  долгорочниор  третман со големи количини на чиста барбитурат лекови и некои други антиепилептици. Добро контролирана епилепсија, ако не е последица на други заболувања на мозокот, не мора и најчесто  не остава последици на интелектуална способност и општата  ментална состојба. Тука можеме да се потсетиме дека не е мал бројот на талентирани луѓе имале или имаат  епилепсија.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.