ДОЕЊЕТО И ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА

do1Познато е дека доењето има многу придобивки за здравјето на бебињата. Пред се, мајчиното млеко, затоа што содржи хранливи материи, му овозможува на бебето да го зајакне имунолошкиот систем. Преку ензими, бели крвни зрнца и антитела – млекото може да ги заштити децата од многу инфекции, алергии и астма, и може да го намали ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај доенчињата.

Едно истражување од Бразил беше направено врз испитаници од 30 години, од почетокот на доењето до одрастувањето. Прашањето е дали мајчиното млеко влијае на тоа децата, растеќи, да бидат попаметни. Хранливата вредност на мајчиното млеко несомнено има големо влијание на интелигенцијата на детето, но за функцијата на мозокот и видот помагаат и омега-3 масните киселини, кои се наоѓаат во рибата.

Храна, сепак, не е единствен фактор кој помага во развојот на мозокот кај детето – големо влијание има и само родителството. Истражувањата покажуваат дека од најраните моменти, дури и во утробата на мајката, бебињата слушаат и да учат. Додека мајката го дои, детето не само што внесува млеко, туку апсорбира и родителска љубов и внимание. Родители кои им зборуваат, пеат и читаат на своите деца – влијаат на нивниот развој. Како што детето расте, така и семејните односи стануваат се позрели.

Семејните собири градат самодоверба кај децата, помагаат во спречување на депресијата и доведуваат до подобрување на интелектот. Поврзаноста на родителите со  децата можат да влијаат на тоа како детето  се гледа себеси во општеството, а со тоа влијае и на донесувањето на одлуки.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.