ЕПИЛЕПСИЈА – Предрасуди и факти

Purple_ribbon.svg
  • Што е епилепсија?
  • Лицата со епилепсија не се “епилептичари”
  • Луѓе со епилепсија (најчесто) немаат оштетување на мозокот.
  • Лицата со епилепсија обично не се когнитивно оштетени
  • Лицата со епилепсија не се насилни или луди
  • Лицата со епилепсија не се ментално болни
  • Нападите (најчесто) не предизвикауваат оштетување на мозокот
  • Епилепсија не мора да е наследна болест
  • Епилепсија не е доживотно нарушување
  • Епилепсијата не треба да биде препрека за успешен живот
  • Историјата бележи многу познати и славни луѓе со епилепсија

Што е епилепсија?

Епилепсијата е присутна уште од древни времиња, а како посебно заболување се сретнува уште во најстарите медицински записи. Денес епилепсијата, ја сваќаме како нарушување кое се карактеризира со повремени напади, кои привремено го нарушуваат нормалното функционирање на мозокот

e1

Здружение на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА

Епилепсија не е болест, тое е невролошко нарушување кое се карактеризира со повторувани епилептични напади. Тоа е многу почеста отколку што претходно се мислеше, и може да влијае на луѓето од сите возрасти. Мал број на  медицински состојби привлекуваат толкаво внимание, истовремено  генерираќи толку многу контроверзии.

Низ историјата на нашата цивилизација луѓето со епилепсија и нивните семејства, претрпуваа мноштво неправди поради незнаењето и недостаток на разбирање на општеството за овој вид нарушување.

За среќа, стигмата и стравот кои ги создаваше зборот “епилепсија” значително е намален во текот на минатиот век, па денес поголем  дел од луѓето со епилепсија водат нормален живот.

Лицата со епилепсија не се “епилептичари

Терминот “епилептичар” (или “падавичар”) не треба да се користи за лице со епилепсија;  не е соодветно да се дефинира одредена личност, според некои нејзините особини – или според некој специфичен проблем. Таквото етикетирање е несоодветно и ограничено, односно водни кон создавање на  негативни  стереотипи. Затоа, далеку посоодветно да се нарекува  “лице со епилепсија”.

Бидејќи некои луѓе се плашат од терминот “епилепсија”, често се користи други термини, на пример. “конвулзивен напад”. Всушност, терминот конвулзивен напад е синоним  за  епилепсија. Се смета  дека лице страда од епилепсија доколку доживее два или повеќе неиспровоцирани епилептични  напади, без разлика на која  возраст се случиле овие напади.

Луѓе со епилепсија (најчесто) немаат оштетување на мозокот

(Повреда на мозокот е причина за напади само кај некои, но не кај сите лица со епилепсија)

Повреда на мозокот е причина за напади  само кај некои, но не кај сите лица  со епилепсија.

Епилепсијата е нарушување на мозокот, односно нарушување во функционирањето на одредени групи на нервните клетки, што може – но не мора – да бидат поврзани со оштетување на мозочните структури.  Функционирањето  на мозокот привремено може да се промени како резултат на голем број на случувања, како што се преголемиот замор, употребата на средства за спиење или лекови за смирување, општа анестезија, треска или тешка болест.

Од друга страна пак, терминот “оштетување на мозокот”, значи дека нешто во структурата на мозокот трајно и неповратно е променето. Оваа промена во структурата може да биде резултат на сериозна повреда на главата, мозочен удар, воспаление на мозокот, но може да се случи и пред раѓањето поради нарушувања во развојот на мозокот, или поради интраутерина инфекција. Значи  повредата  на мозокот е причина за напади кај  некои лица со епилепсија, но тоа  не е причината за напади кај сите лица  со епилепсија.

Лицата со епилепсија обично не се когнитивно оштетени

(Лицата со епилепсија во повеќето случаи не се интелектуално попречени)

Повредите на мозокот се движат од неприметливи до екстремно тешки, онеспособувачки повреди. Иако најголем дел од мозочните клетки не можат да бидат обновени, голем дел од повредените  лица можат значително да се опорават од такви повреди. За жал, и повредата на мозокот ( како и епилепсијата ) честопати  носи стигма, односно  многу од лицата  со мозочна повреда се сметаат за помалку вредни или онеспособени лица.

Лицата со епилепсија во повеќето случаи не се интелектуално попречени. Всушност, многу често лицата со епилепсија во јавеноста се  сметаат за  интелектуално попречени , па дури и  луѓе заостанати  во менталниот развој. За поголемиот дел од лицата со епилепсија тие предрасуди се целосно неосновани. Како и било која друга група на поединци, кои се одделени , така  и лицата со епилепсија имаат различен интелектуален капацитет. Некои од нив се брилијантни и извонредни, додека други имаат помал процент од  просекот на тестовите за интелигенција.

Повеќето, сепак, се некаде во средината. Што ни дава за право да кажеме дека овие лица се нормални како и останатите. Овие лица имаат нормална интелигенција и водат нормален, продуктивен живот. Се разбира, кај некои луѓе , епилепсијата може да се поврзе со повреда на мозокот која може да биде причина за други невролошки нарушувања, кои влијаат врз нивната способност да размислуваат, меморија, ориентација, или било која друга интелектуална способност.

Лицата со епилепсија не се насилни или луди

(Лицата со епилепсија немаат поголема тенденција за раздразливост или агресивно однесување)

Верувањето дека луѓето со епилепсија  се насилни,  е целосно погрешно и носи неизмерна штета  во прифаќањето  на овие  лица во средината во која живеат. Лицата со епилепсија немаат воопшто поголема тенденција за раздразливост или агресивно однесување во однос на другите лица.

Многу карактеристики на нападот и неговите непосредни  последици врз однесувањето на лицето кое доживеало напад  би можеле да бидат погрешно протолкувани како “лудо” или “насилно” однесување. За жал, понекогаш дури и медицинскиот персонал може погрешно да ја  протолкува  промената  во однесувањето  за време  на епилептичниот напад  со други здравствени нарушувања. Сепак, оваа промена во однесувањето е само несвесна акција која е дел од нападот – или директен резултат на нападот.

На пример, за време на нападот, некои лица  не се во можност да одговорат на прашања, може да зборуваат  неразбирливо, да се соблечат, да повторат одредени зборови или фрази, некои од нив, може да изгледаат  уплашено  или несоодветно да реагираат  на туѓите постапки. Некои од лицата кратко време по нападот може да се зашеметени, и ако се обидете  да ги спречете во некои од нивните активности може да станат вознемирен и борбени. Исто така, некои  од лицата  може соодветно да одговорат на прашања, или да водат  одредени разговори  за време на некои видови напади – но по завршувањето на нападот  целосно се амнестични за тој период.

Лицата со епилепсија не се ментално болни

(Повеќето лица со епилепсија никогаш нема да имаат психолошки проблеми)

Епилепсија не е синоним за ментална болест; Всушност, повеќето луѓе со епилепсија никогаш нема да имаат психолошки проблеми. Сепак, неодамнешните истражувања покажуваат дека можни се некои промени на расположението, како што се вознемиреност и депресија кај луѓето со епилепсија и се појавуваат многу почесто отколку што се претпоставува. Причините за овие промени не се секогаш целосно јасни за нас, но како главна причина може да се земе дискриминацијата врз овие лица во повеќе аспекти.

Поточно, кај некои пациенти, причината и локализацијата  на потеклото на епилепсија може индиректно да влијае на одредени делови од  мозокот поврзани со расположението. Кај други промените во  расположението се случуваат  како пропратен ефект на лекови кои се користат, а кај некои лица  емоционално пореметување  или промени во однесувањето поврзани со предизвикот како овие лица ќе се соочат во нивната животна средина. За сите овие нарушувања постои, и соодветен третман.

Нападите (најчесто) не предизвикауваат оштетување на мозокот

(После нападот може да се случат некои потешкотии, но обично не постои оштетување на мозокот)

Поединечните тонично-клонични напади со времетраење помалку од 5-10 минути не предизвикуваат оштетување на мозокот. Сепак, постојат докази дека повторувани  и / или продолжени  тонично-клонични напади кај некои лица  може да доведат  до трајно оштетување на мозокот. Исто така, долгорочни или често повторувани  сложени  фокални напади (напади кои се јавуваат во серија, и кај кои не постои целосна враќање на свеста меѓу нападите), исто така потенцијално може да доведат до нарушувања во функционирањето на мозокот.

Некои луѓе имаат проблеми со меморијата и други интелектуални функции веднаш по добивање на нападот. Овие проблеми можат да бидат предизвикани од самите  епилептични настани во мозокот, или од лековите, но  и од двете причини  истовремено. Меѓутоа , тоа  не значи дека мозокот претрпел  некаква форма на трајно оштетување за време на нападот,  во најголем дел се работи за  минливо нарушување. Точно е дека , честите  тонично-клонични или сложените  фокални напади може да резултираат  со кумулативни негативни ефекти врз функцијата на мозокот, но сепак тоа е релативно ретка појава.

Епилепсија не мора да е наследна болест

Во повеќето случаи, епилепсија не е наследна, иако некои форми на епилепсија се  генетски предизвикани. Најголем дел од генетската  епилепсија може да биде успешно контролирана со  соодветен третман.

Епилепсија не е доживотно нарушување

(Повеќе од половината од епилепсиите кои се јавуваат во детската возраст се повлекуваат после пубертетот)

Општо е  земено – лице со епилепсија доживува напади  напади и имаат потреба од користење на лекови само за краток  период  од својот живот. Кај повеќе од  60% од лицата со епилепсија со лекови  може лесно и успешно да се контролираат нападите  и кај тие лица постои значителна веројатност дека епилепсијата со тек на времето,  целосно ќе се повлече. На пример, повеќе од половината  од епилепсиите кои се јавуваат  во детската возраст се повлекуваат  после пубертетот.

Освен тоа, кај оние лица кои немаат  епилептични напади   во текот на две (или три) години  често може   постепено да се намалува  дневната доза на лекови – се до нејзино целосно  нејзино укинување, но исклучиво само  под надзор на лекар. Сепак, кај околу 25% од лицата со епилепсија  контрола та врз нападите е  помалку ефикасни; Затоа, тие луѓе  веројатно ќе треба  доживотно да примаат терапија.

Епилепсијата не треба да биде препрека за успешен живот

(Исклучително важно е да се развие чувството на самодоверба кај децата со епилепсија)

Епилепсијата за повеќето лица не треба да претставува пречка за нормален, среќен и исполнет живот. Сепак, квалитетот на животот на лицата со епилепсија може да биде нарушен  поради сериозноста и зачестеноста на нападите, поради несоодветниот  однос кон лицата со епилепсија, понекогаш и поради некои несакани ефекти на антиепилептичните лекови, како и поради  други медицински нарушувања поврзани со епилепсијата.

Некои видови на епилепсија  тешко  се  контролираат со медикаментозна терапија. За успешен живот со епилепсија треба да се има  позитивно размислување, поддршка од животната средина и квалитетна здравствената заштита. Понекогаш најтешкиот дел од животот  со епилепсија претставува  одговорот на прашањето – како да се справите  со реакциите на другите?

Кај лицата со епилепсија  многу важно е да создадат позитивен однос кон сопствените проблеми. Сепак, ова е честопати  полесно да се каже отколку да се направи, што особено важи за луѓе кои живеат во атмосфера на несигурност и страв. Исклучително важно е да се развие чувството на самодоверба кај деца со епилепсија. Всушност, многу деца и со други хронични состојби  (не само деца со епилепсија) , како што се астма или дијабетес – имаат многу ниско ниво на  самодоверба. Ова чувство на инфериорност, делумно може да е предизвикано од реакциите на другите, а делумно од прекумерна родителска грижа која во тие деца ја  поттикнува  зависноста  и несигурноста во нивните способности.Меѓутоа,со  правилен пристап децата  ќе развијат  вистинска самодоверба и независност.

Историјата бележи многу познати и славни луѓе со епилепсија

Во повеќето случаи на  епилепсија,  нападите се  дел од нормалниот и секојдневен живот, и лицата кои ја имаат можат да водат скоро нормален начин на живот. Луѓе кои имале епилепсија а дале особен придонес за човештвото во различни области. Пример за тоа се:

Александар III Македонски , Питагора , Исак Њутн, Винсент Ван Гог, Нил Јанг , Наполеон Бонапарта , Агата Кристи , Чарлс Дикенс, Дени Гловер, Алфред Нобел, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Јулиј Цезар, Едгар Алан По, Аристотел, Теодор Рузвелт, Алфред Велики, Буд Абот, Луис Карол, Ричард Бартон, Џорџ Фридрих Хендл, Фјодор Михајлович Достоевски, Карло V од Шпанија, Ханибал, Хектор Берлиоз, Џејмс Медисон, Лорд Бајрон , Луј XIII од Франција, Марго Хемингвеј , Мартин Лутер, Николо Паганини, Павле I Петрович, Петар Чајковски, Петар Велики, Роберт Шуман , Сократ, Труман Капоти , Чанда Ган …

Ова е уште еден податок дека лицата со епилепсија можат да водат нормален живот и да биддат продуктивни, изборот дали и понатаму ќе бидат овие лица дискриминирани, останува на сопствена желба …

Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.