ЗАВИСНОСТ ОД ИГРИ – Проблем на денешното време

gmНекогаш родителите им пуштаа на децата цртани филмови, со цел да си обезбедат малку слободно време. Денес цртаните ги  заменија   игрите на компјутер, таблет или на други уреди. Децата уште во предучилишна возраст се запознаваат со овој начин на забава, која подоцна може да прерасне во зависност. За среќа, повеќето не се заинтересирани за други виртуелни светови, се задоволуваат само со  компјутерско хоби . Но, на некои деца тоа може да им стане омилена забава.

Знаци на предупредување

gmПроблемот може да се предвиди ако  детето не сака да излезе да си игра со другарчината,и не е заинтересирано за играчки. Кај повозрасните  деца, прво се  забележува  приврзаност за  домашниот  компјутер, а потоа и често посетување на  места со виртуелни игри. Доминантна е преокупацијата со игри, незаинтересираност  за настаните во реалниот свет, разговорот е поврзан само со виртуелен успех, како е освоено  ова или она ниво, кој резултат е постигнат.

Последиците може да се видат и  на успехот во  училиште, кој е полош,  напуштање на претходните активности, поминување  повеќе време на компјутер дома или во мезта за виртуелни игри, особено во текот на ноќта. Деца стануваат нервозни и расеани.

Замена

Децата треба да се научат да не го поминуваат своето време пасивно во гледање телевизија и играње на компјутер, туку  активно и креативно. Да се поттикнат  да играат  во друштво , да измислуваат  сопствени игри. На помладите треба да им се читаат книги, постарите да се  фокусираат  да читаат, да се научат да слушаат музика, да сликаат  и да уживаат во сликарството, да глумат и да одат во театар. Треба да им се овозможи да се занимаваат со спорт.

Како да се реши проблемот

Штом родителите забележат дека„ ѓаволот ја  зел шегата“  и дека играта станала  повеќе од забава, треба да разговараат со децата спокојно, без обвинување и закани. Да им ја воочат својата загриженост , да ги наведат своите забелешки,да се  обидат  да направат договор со децата кои промени треба да се направат  (намалување на времето поминато на компјутер, односно во места за видео игри или кладилници, поправка оцените и сл.) и во кои временски рамки. Би било пожелно, се консултираат со експерти, да се одредат награди  ако е забележан  напредок, и казни ако работите не одат како што се очекува. И родителите треба да бидете трпеливи и доследни во своите барања и реакции.

gmДетето не може да се чува  “под стаклено ѕвоно”, изолирано од своите  врсници и пријатели. Но  соодветно со неговата  возраст,  треба да му се објасни дека не мора да работи  она што го  работат  неговите другари, да  има свој избор нешто да  прифати, а нешто не. Ако сепак  сака да оди на  места со видеоигри , да се утврди колку време може да помине  таму и колку често, и строго да се држи до тоа.

Родителска одговорност

До  пубертетот,  повеќето деца учат од своите родители, а подоцна  од своите врсници. Родители, главно, татковци, кој се обложуваат  може да бидат пример и оправдување за децата : кога  можеш ти , зошто да не можам и јас! Од  децата не треба да се крија одењето во  обложувалница, но треба да им се објасни зошто обложувањето  е забрането за помлади од 18 години, како и тоа дека  обложувањето, односно  коцкањето  може од  забава да  премине од зависност. Исто така треба да им се спомене дека не треба да се надеваат дека ќе добијат  пари од коцкање, бидејќи загубата е многу почеста и извесна од  победата.

Ако родителот не знае каде неговото дете го поминува времето, ако на  време не воочи дека детето  крие нешто од него, тогаш  меѓу родителот и детето ја нема потребаната  блискост и разбирање. Обично , во позадина, на  зависноста од игри  (компјутерски  или игри на среќа) кај младите луѓе, обично постои некков  проблем – несогласување со  родителите, депресија, срамежливост….

Третман

Зависноста се карактеризира со прекумерно поминато време во споменатите активности, но  и занемарување на обврските, другите  задоволства и социјалните контакти. Карактеристично е  што има обиди за намалување или прекинување на играњето , односно обложувањето , а при овие обиди, постои напнаост, лутина, агресија и  желба споменатите  активности да се  продолжат.

Кај  гејмерите, постои уште еден феномен , тоа  е замена на реалниот со  имагинарен, виртуелен свет во кој наместо сопствениот идентитет се зема  еден виртуелен, измислен идентитет. Овие, таканаречени  “не-хемиски  зависности ” се третираат  слично  како и зависностите од  “хемиските зависности ” (пушење, алкохол и дрога), но без лекови. Се разбира, програмата  е прилагодена  за младите луѓе.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.