ЦРНО СЕМЕ – лек за многу болести


black-seed-oil
Семето на  растението , „Nigela Sativa“, познато по своето лековито својство, најмногу е распострането во Англија, познат и како римски коријандерм, црн сусам, црн ким, што е познато и како црно семе кое во најмала рака има опис на нејзиниот физички изглед.
Најраниот запис на одгледување и употреба доаѓаат од стар Египет. Најстариот податок во напишана верзија за Црното семе се пронајден во Стариот Завет, во книгата според Исаја 28:25-27.

Исто така познато е дека пророкот Мухамед рекол „Држете се до Црното семе бидејќи е лек за секоја болест освен смртта.“. Тоа држете се индицира дека се користело многу поодамна.

Користење во  големи количини на црно семе или масло од црно  семе не значи брзо оздравување.

Семето  мора соодветно да се подготви пред употреба

Само ладно цедено масло ги задржува сите корисни особини. Не се препорачува за варење ни затоплување на повеќе од 60 степени Целзиусови.

Ако сакате да го користите семе, наместо  масло од семе, соодносот е следен: две и пол лажички семе или една лажичка масло.

Секогаш следете ги препорачаните упатства и мерки, бидеќи црното семе може да е токсично доколку се зема повеќе од 25 грама.

Не се познати несакани последици од ова масло се додека се користи во нормални граници.Не се препорачува да се користи за време на бременост бидејќи може да предизвика разни компликации, дури може да дојде и до спонтан абортус Не се препорачува и кај луѓе со трансплантирани органи..

Користете високо квалитетно семе секогаш  кога  можете  да  најдете.

За добра општа здравствена состојба, сетете се  да земете семе од црн ким или масло од црн ким и мед секој  ден на празен стомак, и ако се случи да се разболете, опоравувањето  ќе биде побрзо и полесно.

Лажичка масло од црно  семе  измешано  со една чаша сок од портокал за појадок ќе ви даде енергија за цел  ден.

Лажичка масло од црно семе со топол  пијалок после  вечера  ќе ви обезбеди мирен сон.

Голем дел од здраствените придобивки денеска му се припишуваат на црното семе, вклучувајќи и над 20 различни фармаколошки дејства . Истражувањата покажаа дека на црното семе има позитивен ефект во многу специфични медицински состојби како што се:

Дијабетес тип 2; Висок крвен притисок; Астма; Акутен тонзилофарингитис; Рак на дебелото црево;


bs Црното  семе традиционално е познато по своите антиконвулзивни својства. Во истражувања од  2007 година, направени врз  деца кои страдаат од епилепсија, чија состојба е отпорен на конвенционалните лекови, беше откриено дека екстрактот од црно семе значително ја намалува активноста  на нападите.

 

Хранливата вредност на маслото од црно семе е:
Протеини       208 mg/g
Тијамин            15 mg/g
Рибофлавин       1 mg/g
Пиридоксин       5 mg/g
Нијацин           57 mg/g
Фолацин        610 mg/g
Калциум      1,859 mg/g
Железо            105 mg/g
Бакар                18 mg/g
Цинк                 60 mg/g
Фосфор        5,265 mg/g

 

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.