Каталепсијата е невообичаено долго задржување на главата или екстремитетите во неприродна положба во која се пасивно донесени.
Во медицинска терминологија, овие напади се нарекуваат и “восочна флексибилност”. Губење на контролата врз мускулите варира од случај до случај – понекогаш тоа е само слабост во колената, а понекогаш се губи контролата врз целото тело. Овие напади траат од неколку секунди до период до две минути, а во некои случаи до половина час.
Често е во комбинација со други манифестации на зголемена сугестија, повторувачки гестови (ехопраксија), повторување на зборови (ехолалија) и друго.
Каталепсијата се сретнува кај шизофренијата , кај различни типови на хистерија и одредени болести или оштетување на малиот мозок, каде што тие се блокирани или оштетени врските помеѓу малиот мозок и фронталните лобуси на мозокот.