НАРКОЛЕПСИЈА – нарушување на спиењето

nr

Спиењето е дел од нашите животи. Во текот на спиењето се одмораме  и физички и психички.Во будна состојба  постепено се намалува физиолошката рамнотежа во телото, па затоа е неопходно да спиеме со цел да се врати оваа рамнотежа. Нарколепсијата е основно пореметување на спиењето  кое се карактеризира со спонтано паѓање во сон.

ПРИЧИНИ

Нарколепсија предизвикува губење на клетки во хипоталамусот на мозокот кој содржи протеин Хипокретин (орексин). Ова е генетско нарушување и се јавува во фамилијата.

КЛИНИЧКА СЛИКА

Може да се манифестира со следните симптоми кои ја сочинуваат т.н. нарколептична  тетрада:

  • хиперсомноленција – напади на спиење, тоа е неодолива желба за спиењр во време кога луѓето сакаат да бидат будни, сонот   може да се јави и во одење, кога се вози автомобил, кога се  разговара, при јадење, работа и сл. Особено лесно се заспива додека се чита весници и при гледање телевизија. Лесно може да се разбуди.
  • катаплексија – појава на мускулна слабост после силна емоција (најчесто смеење, потоа задоволство, лутина, изненадување). Слабоста може да биде генерализира, но и локализирана на лицето или нозете, целосна или блага. Пациентот е во свесна за време на нападот.
  • хипнагогни халуцинации – појава на оптички или акустички халуцинации во времето помеѓу будноста и спиењето, односно при заспивање или будење, често заедно со хипнагогна парализа. Тие може да се случи кај здравите индивидуи.
  • хипнагогна парализа – е напад на недвижење кој се јавува во време кога се појават и хипнагогни халуцинации. Тие исто така може да се случи и кај здравите лица.

Болеста се јавува најчесто во детството, но може да се случи во било која возраст. Со мали варијации трае цел живот. Значајна е, бидејќи влијае на општествениот живот, на прво место  работата. Таа може да биде особено опасна за возачи.

ДИЈАГНОЗА

Се поставува на основа на  медицинска историја, семејната историја, неврофизиолошки тестови. Најмногу се користиповторен тест за  латентнција на спиењето.

ТРЕТМАН

Најчесто се користат агрипнотици со цел да се задржи буден пациентот во текот на денот (метилфенидат, метамфетамин, имипрамин, мазиндол, селегилин, зимелидин, вилоксазин). Во сите случаи на хиперсомнија се препорачува отстранување на условите кои предизвикуваат поспаност (на пример, топлина), редовно попладневно спиење, спортување, избегнување монотона работа. Пациентите со  нарколепсија не се способни за занимања за кои е потребна постојана будност, на пример, возачи, пилоти, машиновозачи и слично.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.