Антиепилептици – лекови за лекување на епилепсија

ccv

Пред се треба да се напомене дека точната дијагноза на нападите е неопходен предуслов успех во терапијата со антиепилептици. Со оглед на кога се појавиле во употреба овие лекови може да се поделат  на антиепилептици од “постара” и “понова” генерација. Антиепилептиците од “постарата ” генерација немаат толку широк спектар на делување со оглед на видот на епилепсијата, нивната ефикасност е доста добра, но најчесто е ограничена со појава на несакани ефекти и интеракции при зголемување на дозата, односно зголемена  инциденција за конгенитални малформации. Антиепилептиците пак од  “поновата” генерација се карактеризираат со подобрени фармакокинетските и фармакодинамските својства, имаат помалку несакани ефекти, помала интеракција, но некои имаат помала ефикасност кај новите видови на парцијална епилепсија ако се применува како монотерапија.

Keppra 01

Лекови кои се користат при епилепсија се:  фенобарбитон (PB, Phenobarbiton) и  метилфенобарбитон (MPB, Phemiton) кои се применуваат од 1912 г, примидон (PRM, Primidon) кој се употребува од 1950 година…Потоа следуваат карбамазепин (CBZ, Tegretol), фенитоин (PHT, Difetoin) и султиам (SUL, Ospolot), етосуксимид (ЕSС Asamid) и валпроати (VPA, Depakine Chrono). Најновите лекови од последната генерација со фармакодинамските својства кои овозможуваат монотерапија или додатна терапија со еднаква ефикасност се: ламотригин (LTG, Arvind, Lamictal, Lamal, Danoptin, Lameptil), топирамат (TPM, Tiramat, Topamax, Epiramat), габапентин (GBP, Katena, Neurontin), вигабатрин (VGB, Sabril), леветирацетам (LEV, Keppra), окскарбазепин (OXC, Trileptal), тиагабин (TGB, Gabitril), зонисамид (ZNS, Zonegran), прегабалин (PGB, Lyrica), лакозамид(LCS, Vimpat), руфинамид (RFN, Inovelon), есликарбазепин ацетат (ESL). Како дополнителни  терапија се употребуваат  бензодиазепини: клобазам (D4, Frisium) и клоназепам (CNZ, Rivotril).

product_808Некои од лековите не се достапни Во Република Македонија, па пациентите мораат сами да се снаоѓаат при набавката, но  поголем дел од овие антиепилептици се достапни, некои и на позитивна листа. Колобазамот (D4, Frisium), кој се покажа доста добар во терапијата, а кој до пред извесно време не беше достапен во Македонија, сега го има во некои аптеки низ градовите во земјава.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.