Еве како не трујат со лекови, измислуваќи фиктивни болести – интервју со др. Лидија Гајски, интернист

happy-woman
Поранешниот директор на Париската болница
Necker  д-р Philippe Even и претставникот на францускиот парламент и  лекар Bernard Debre  во новообјавената книга “4000 корисни, бескорисни и опасни лекови”, истакнаа дека половина од лекови кои се издаваат на рецепт во Франција,се непотребни и целосно неефикасни, а пет отсто се опасни за здравјето на пациентите.

Лекарите, велат  тие, се изманипулирани од страна на фармацевтите и шефовите на здравствениот систем кои се вклучени во оваа “наркомафија”  како би извлекле од  државата што  повеќе пари.

Но, и пред француските колеги, докторката  и интернист   Лидија Гајски  се вклучила  во истражувањето за (не) ефикасноста на лековите, како и за заговор на фармацевтската индустрија и лекарите кои  пациентите  ги “пумпаат” со непотребни лекови, а за возврат се наградени. happy-womanВо 2009 година ја има објавено книгата “Лекови или приказна за измама”, која  речиси идентично се бави  со измамата која  сега ја обработуваат и француските лекари. Денес, Гајски  носи нови сознанија во врска со корупцијата во здравствениот сектор, како и лоши и добри лекови, надрилекарство …

  • Колкав е  денес  тимот на фармацевти и лекари?

Тимот на фармацевтската  и медицинската  индустрија и лекарите е многу проширен, би можеле да кажеме продорен и значително влијание не само на структурата и функционирањето на во здравствениот систем, туку  го обликува и самиот  концепт на болеста  и лекувањето. Производителите на лекови  финансираат значителен дел од истражувањата поврзани со лекови, а  лекарите  научници  им помагаат да ги добијат саканите резултати. Преку професионална обука во режија на компанијата, лекарот-наставник  фалсификуваните наоди ги дистрибуираат до лекарите и преку корумпираните медиуми  во пошироката јавност. Во државните  агенции и осигурителни компании, лекарите-експерти ги  одобруваат  фармацевтските  производи за пазарот и ги ставаат  на листата на задолжителното осигурување.

Во здравствената администрација, лекари-консултанти ја  уредуваат  политиката на лековите  во интерес на производителите, а законодавната власт  крои закони за  нивните потреби. Сите овие улоги и функции ги имат  само неколку десетици водечките медицински експерти во земја како што е нашата, и тие се најодговорни, заедно со политичарите, за фактот  дека здравствените системи се претвораат во фабрика за лекови и друга медицинска индустрија. Тие, се разбира, за тоа се добро наградени со пари, професионален углед, како и политичка моќ. Корупцијата во ординациите помалку  е важна, не само затоа што подароци се поскромни, туку поради што  “обичните” лекари практичари  не се ни свесни дека  се корумпирани.

  • Дали некогаш се обиделе да Ве поткупат? Дали сте прифатиле, некое спонзорско  патување?

Како и на повеќето доктори, и кај мене доаѓале  фармацевти со  различни понуди. Претставник на една словенечка компанија понуди пари за секој пациент на кој ќе им го препишам нивниот лек; беше само еднаш и никогаш повеќе. Навистина, јас доброволно имам  посено неколку  платени конгреси и симпозиуми, но бидејќи почнав со  истражување, за да се добијам  увид во степенот и потеклото на корупцијата, јас целосно престанав  да посетувам такви, во  суштина  маркетингшки  состаноци. Од претставниците на медицинскиот  естаблишмент  често може да се слушне дека е потребна соработка со фармацевтските компании во медицинската едукација  поради недостиг на јавни извори на финансирање. Ова е сосема неточно. Со скромно планирање на стручни средби и предавања на стручна обука може да се врши со мали средства. Содржината на меѓународните  конференции се достапни на интернет, како и стручни трудови и списанија кои на едноставен начин може да се дистрибуираат на лекарите.

  • Рековте дека  фармацевтскиот комплекс до таква мера експандирал, што ги потрошил  болните луѓе, и сега влегува  меѓу здравите, на начин што ги прави болни и на нив заработува. Можете  ли  малку да ја елаборирате  таа Ваша изјава.

До последните педесет години  фармацевтската индустрија можеше  во исто време да заработува  и да лекува луѓе. Сепак, во последните неколку децении во плодната  почва на медицината и здравството, каде што никој не поставил граници, толку  пораснала  што овие две задачи стана невозможно да се помират. Просто дојде до „заситување на пазарот“ со болни луѓе. Со цел да се продолжи заработката, требало  да се тргне меѓу  здравите.

  • Кои се  модели на популацијата  на здрави  луѓе е претворена  во корисници  на фармакотерапијата?

Постојат неколку модели. Еден од нив е концептот на фактор на ризик. Холестеролот  е деклариран како фактор на ризик за срцев удар, високиот  крвен притисок за мозочен удар, шеќерната болест  за откажување на бубрезите, слепило … Луѓето со покачени вредности на овие параметри се прогласени за ризични и им се нудат лекови за да се спречи болеста и во иднина. Јасно е дека шеќерната болест  и високиот  притисок треба да се лекува; станува збор за состојби  кои создаваат проблеми, и тука  сме во областа на традиционалната  медицина која ги лекува  луѓето.

Меѓутоа ,на  нормално, просечно ниво на овие параметри, особено при ниски вредности, кои во последно време се нудат  како цел, бенефитот  од лекувањето  е незначителна или непостоечка. Со клинички  упатства кои  систематски го  намалуваат  нормално ниво на холестерол, притисок, и во помала мера, шеќер, а кои без  научна основа ја формулираат една мала група лекари поврзани со фармацевтската индустрија, доведени сме во ситуација во која денес во земјите на Западна Европа 70-80% од возрасната популација се подложни на примена  од најмалку еден превентивен  кардиоваскуларен препарат.

  • Кој модел се применува во случај на остеопороза? Дали е ова навистина фиктивна болест?

Во случајот кај остеопорозата се применува  моделот по кој  младоста е  прогласена за  здравје а староста за  болест. Дефиницијата на болеста, со која денес се служиме е создаден во 1994 година, итоа  на  начин  на кој за нормална е земена коскената густина кај жени меѓу 20 и 30 години. Губењето  на калциум е физиолошки процес поврзани со стареењето, и ваква контроверзна  дефиниција доведе  жените на  педесет години да имаат зголемени  шанси да им се  “открие” остеопенија а кај оние во седумдесеттите  и остеопороза. Можам да се согласам дека е легитимен  и правилен  обидот  да се  одложува староста  и нејзината манифестација, без разлика колку е физиолошка. Меѓутоа лековите кои ни се нудат за таа цел се со сомнителна ефикасност и не се без несакани ефекти.

  • Дали имаме и други примери на” фиктивни “болести?

Се разбира. Болестите  се измислени така што (квази) научно истражување го покажува ефектот на фармацевтските препарати во одредени ситуации. Тоа може да биде физиолошка или гранична состојба или минливи пореметувања. Тогаш таа се прогласува за болест. Пример – менопауза ,” предменструален синдром”, еректилна дисфункција (сексуални потешкотии кај мажите). Од Helicobacter pylori, бактерија која живее во слузницата на желудникот кај  60 проценти од луѓето во почетокот на деведесеттите создена е  нова болест; нова класа на лекови во врска со ова до крајот на деведесеттите години стана една од најпрепишуваните. Од цела низа на новонастанати  психијатриски нарушувања ќе ја споменам само социјалната фобија – страв од јавно говорење; се лекува  со антидепресиви. Производителите на препарати за раст на косата и губење на косата се обидуваат да ја прогласт за болест; тоа може да се случи  наскоро под некоја  шифра во класификацијата на кожни болести.

  • Рековте  дека со помош на влијателни, но, исто така, корумпирани научници и доктори  проширени се  границите на болестите, како и индикацијата  за лекови. Може подетално објаснување за ова?

– Сценариото е сличено,  веќе е опишано. Во истражувањата  платени од страна на фармацевтските компании, истражувачите “наоѓаат” дека препартот делува и во блага или повремена форма на болеста. Тогаш комисија од експерти кои се  платени од  истите овие компании, и оваа форма на болеста, која  претходно не била лекувана, ја прогласуваат за патолошка и подложна на терапија. На овој начин, проширени се границите на  состојби  како што се астма, и депресија. Проширување на индикациите за лековите се врши на сличен  начин, кога истражувањата го  “докажуваат” ефектот на препаратот во новите состојбе  и нови популации. Лековите за холестерол за десетина години од препарати иницирани  во тесни групи на срцеви болни, прераснаа во  антиатеросклеротски лекови кои може да ги примаат повеќето луѓе над  педесет години. Антидепресивите, некогаш се даваа само  за потешки форми на депресија, сега имаат и до дванаесет индикации кои вклучуваат поблаги анксиозни растројства.

  • Можете ли да наведете за која  болест најчесто се  препишуваат непотребни лекови?

На прво место се  кардиоваскуларни болести. На тоа поле , особено афирмиран е концептот на превенција, така што, со цел да се спречат болести како што се срцев и мозочен удар, големи количини на лекови се даваат на широка популација на здрави луѓе. Примери – лекови за намалување на масти, шеќер во крвта и крвниот притисок, некои препарати против згрутчување (на пример аспирин.); ефект – скромен или непостоечки. Во областа на психијатријата, социјалните и интерперсоналните потешкотии се претворени во медицински, подложни на фармакотерапијата и други медицински процедури се, и се разбира, не може да се решат.

  • Што е со депресијата?

Депресијата е типичен пример за медикализација; од  релативно ретко психијатриско нарушување, за дваесетина години “порасна” во  една од најголемите глобални здравствени проблеми. Паралелно со тоа се зголеми потрошувачката на антидепресиви; ефективност (освен во тешка слики на депресија) – на ниво на плацебо (пилули со брашно или шеќер).

  • А со третман на ракот?

Во областа на онкологијата или третман на рак, често се користи бескорисна хемотерапија, не само поради притисокот од страна на фармацевтската индустрија, туку  и поради тоа што на пациентот и семејството сака да се остави  надеж  и чувство  дека нешто се преземат.

  • Можете ли да се задржете на скапи и понекогаш непотребни прегледи како” семоќни ” дијагностички слики (рендген, ултразвук, магнетна резонанца,компјутерска томографија и сл.) …

Она што важи за лековите, во голема мера може да се каже за дијагностичките тестови. Под притисок од производители на медицинска опрема, материјали и други биохемиски анализи и реагенси, се применуваат постапки чие значење  често е под знак прашалник. Иако развојот на медицинската технологија во областа на дијагностиката несомнено има значителна корист, нејзиниот систем за оценување е крајно несоодветен, доколку воопшто постои. Критичарите и одговорните медицински експерти предупредуваат дека некои од испитувањата се ништо повеќе од “уште една убава слика” и не само што не го подобруваат  исходот од лекувањето, туку може и да предизвикаат штета.

  • Дали имате некои конкретни примери?

За пример може да се земе, коронарна ангиографија која се изведува во некои приватни клиники. Но се претерува и со помалку софистицирана дијагностика. Толку голем број на лабораториски тестови, сосем сигурно е дека не е потребен, како ни рендгенско снимање на белите дробови при  секоја операција; “Doppler” на вратот и артериите на нозете се спроведува често, без вистински клинички индикации; Дензитометријата е, во принцип, непотребен дијагностички метода. Особено контроверзен е скринингот односно потрагата за  ризични лица и оние кои се во почетната фаза на болеста.

Додека скринингот за гинеколошки карциноми со едноставни и релативно сигурни  пап тестови може да се смета како пример за корисен скрининг, истражувањата покажаа дека  мамографијата во смисла скрининг  на рак на дојка речиси е бескорисна, и PSA во смисла скрининг за рак на простата е многу проблематична. Скринингот на рак на дебелото црево,троши огромни средства и човечки ресурси (колоноскопија) без јасно видливи резултати, или бенефиции.

  • Има ли во медицина непотребни хируршки интервенции?

Секако. Обемна дијагностичка процедура и скрининг резултираат со значителен број на лажно позитивни резултати, и пациентите непотребно се подложни на  операција која понекогаш има сериозни компликации; пример – непотребна операција на грутка во градите. Производители на вештачки зглобови, ортопедски помагала, пејсмејкери и стентови, хируршки инструменти и слично – сите тие се заинтересирани да има што повеќе оперативни зафати. При тоа се работи  за нови, недоволно тестирани производи, а потоа тоа се случува кај 93,000 луѓе низ целиот свет, да се експлантира (отстрани) неодамна вградена скапа “, најнова и најдобара” протези затоа што тоа НАХНАДНО се открило дека е штетна за здравјето.

И лекарите се мотивирани за промовирање на  нова технологија, односно со  негова примена или вовед во здравствениот систем, ја  градат својата професионална кариера и престиж. Во САД, во тек е судење на лекари кои непотребно вградувале стентови (интраваскуларни протези) во коронарните артерии на пациентите. Во сето тоа не е без значење агресивниот  начин на размислување на модерниот лекар, кој е помалку воден од идејата за благосостојбата на пациентите и почесто  гледа што сеуште со него може да направи. Многу жени со индикација за екстракција на матката, гинеколозите ги уверуваат дека ни јајниците не им се потребни, така што после операцијата, остануваат и без  здравите, често  функционални јајници.

  • Како и со препаратите, додатоците во исхраната кои се рекламираат и продаваат во аптеките? Какво е нивното  влијание?

Кога речиси половина од она што се пропишува на рецепт е бескорисно, можете да помислите  на тоа колку од тоа е непотребно и надвор од системот на здравственото осигурување! Со цел  еден прехранбен продукт или помошно лековито средство да  добие дозвола за промет, мора да ги исполнува критериумите за безопасност; Ефикасноста никој не ја испитува. Затоа, повеќето од овие тврдења за корисноста на овие препарати кои се без никакви научни основи, и овие лажни тврдења, многу ретко се санкционираат. Производителите ја злоупотребуваат  наивноста и довербата на клиентите.

Жал ми е за пензионерите кои дел од својата пензија непотребно ја оставаат  во аптеките. Јас ги советувам своите пациенти  да применуваат само  производи за кои се лично сведоци дека тие им користат, и ако здравствениот систем не најде решение за нивните проблеми со здравјето. Ако не им штетат , не значи дека треба да се залажуваат со превентивни и заштитни својства на сите видови на препарати. Инаку, многу пречи тоа – “за дополнителни информации за можните ризици и несакани ефекти, консултирајте се со вашиот лекар …” Лекарите знаат малку за овие препарати и не се обврзани да ги информираат пациентите за нив. Имаат доволно друга работа.

  • Што мислите за јасновидците и гатачите на телевизија кои луѓето во катастрофа ги повикуваат  во текот на ноќта, а потоа тие им го предвидува текот на  болеста и слично. Дали таквите емисии треба да бидат забранети?

Медицина е исклучително плодна почва за измамници и манипулатори, како за оние кои се мотивирани од лесни пари, така и  за оние со хумани импулси и амбиции. Дрски измама и крајно неетички изнудувања треба да бидат забранети и казнети. Сепак, регулирање на широкиот простор на т.н. алтернативана/ комплементарна медицина, која  е апсолутно потребна, не треба да се базира на забрани и санкции. Во оваа област, има објективни ефективни терапевтски методи (дијагностичките се дискутабилни и тука би требало да се задржи официјалната медицина), а во отсуство на строго научно докажана корист, и понатаму останува плацебо ефектот, кој во никој случај не треба да се отфрли.

Јас не се согласувам со догматскиот став на православните научници и доктори кои “алтернативците” ги откажуваат  од правото на третман, толку повеќе науката на која се повикуваат е преполна со  ограничувања и злоупотреби, а модерната медицина се помалку  не ги исполнува очекувањата на луѓето. Попаметно и поправедно би било сите ние “,систематизирани” научници и лекари прво да исчистиме пред сопствената врата, односно да бидат ослободени од надрилекарство кои сами го  практикуваме, како и технократскиот-бирократски менталитет дека сме го прибрале.

 

Извор:
Нови светски поредак
НАПОМЕНА!!! Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА, само ја пренесува оваа информација, изјавите и ставовите во неа не се официјален став на здружението.


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.