Интервју со Драган Јованов – Фитотерапевт

kd

Што ве наведе толку млад на тоа да се заинтересирате за лековитите растенија и да им помагате на луѓето во Република Македонија, па и од другите земји?

Драган Јованов: Пред се, личното искуство. Средно училиште завршив ветеринарна медицина. Како студент им се посветив на микробилогијата на растенијата и на екологијата воопшто, храната и водата но пресудно за формулирањето на мојата докторска дисертација во контекс на лековитите растенија беше личното искуство, односно фактот што класичната медицина не успеа да им помогне на мои навистина блиски луѓе кога им беше најтешко. Кога тргнав сам во потрага по одговори, сфатив дека единствениот пат е фитотерапијата и фитомедицината.

Колку истражувањето на растенијата и нивната примена врз човековото здравје поготово кај оние лица кои страдаат од епилепсија може да биде корисна во Македонија?

Драган Јованов: Билките кои не опкружуваат на секој чекор, и кои најчесто ги одминуваме незабележувајќи ги, во многу случаи можат да бидат пресудни и да не ослободат од навидум неизлечиви болести. За проучување биле потребни векови, а до ден денес се откриваат нови и нови својства. Токму затоа мојата борба и истражувања е да пронајдам соодветен фитотерапевтски третман за да им помогнам на овие лица со епилепсија. Македонија е благословена за многу работи, но најмногу токму во овој дел со лековити растенија.

Како ти го почнуваш денот, кои чаеви ги пиеш редовно?

Драган Јованов: Мојот ден започнува со камилица, мајчина душица, планински чај и др., покрај напорните работни денови тоа ми дава голема енергија. Кај мене чаевите се секојдневие во склоп со здравиот начин на исхрана

Дали се согласуваш со тезата дека во природата постои лек за се? Потоа дали си поборник на идејата дека треба да ги користиме продуктите што растат исклучиво на нашата почва?

Драган Јованов: Па не се согласувам целосно, и кога помагам на луѓето, им давам до знаење дека  ниеден природен па ниту синтетички лек не ви гарантира 100 % заштита од разни болести кои го напаѓаат човековиот организам.  Јас сум најголем поборник на таа идеја да се користат производи исклучиво од нашата земја, тоа што ни го дала мајката природа, тоа што го имаме на нашето поднебје.

 

Во последно време сте многу присутен во медиумите, познат сте и на домашно и на светско тло какви се реакциите на гледачите и подржувачите ?

Драган Јованов: Исклучително позитивни, дури и јас самиот бев изненаден. Мислам дека фактот што живееме во исклучително стресна средина и имаме се помалку време за себе, придонесува луѓето се повеќе да се враќаат назад кон природата и таму да ги побараат одговорите на прашањата кои ги мачат.

Дали досега пронајдовте некој лековити растенија кои би има помогнале на луѓето кои страдаат од епилепсија?

Драган Јованов: Да пронајдов. И досега имале успешни резултати, такви беа одговорите на мојте пациенти, подржувачи и пријатели.

Кој е најсериозниот причинител на заболувања во денешно време?

Драган Јованов: Стресот и брзото темпо на живеење, дефинитивно.

Лековити растенија кои се употребуваат за помош при Епилепсија: Валеријана, Коноп, Здрвец, Алое вера, Жен шен, Маточина, Мајчина душица, Камилица.

Интервју:

Докторант

Драган Јованов

Фитотерапевт, Асистент на Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси и безбедност на храна

 

БИОГРАФИЈА DJ
Драган Јованов е роден 29.09.1986 година во Скопје . Основното училиште го завршил во ОУ,,Браќа Миладиновци”  во Скопје . Учел во средното стручно училиште за ветеринарна медицина СОУ ,,Браќа Миладиновци”  во Скопје . Понатамошниот процес на образување го продолжил на  Факултетот за земјоделски науки и храна (Универзитет Св. Кирил и Методи) – Скопје  каде дипломирал во 2009 година. Магистерските студии ги завршил на Факултетот за земјоделски науки и храна  (Универзитет Св. Кирил и Методи) – Скопје. Во фаза на завршување е на докторските студии на Факултетот за екологија и безбедност на храна.
Како организатор и учесник на многу престижни семинари, меѓународни конференции, трибини и јавни настани, агрономијади, академии, обуки, конференции, спортски активности и проекти, се стекнал со големи академски достигнувања, искуство и епитет на иновативност во таа насока. Д.Јованов е добитник на многу дипломи , сертификати, благодарници, медали и општествени признанија за своите национални и интернационални достигнувања. Автор е на повеќе објавени меѓународни трудови, а како медиумски препознатлива личност во својата специјализирана област има пишувано негови статии за многу од домашните и странските списанија и портали .

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.