НАСТАНОТ ЗА КОЈ СИТЕ ЗБОРУВААТ – „Бела ноќ“ во Кривогаштани

IMG_7879-CopyВчера, 18 Август 2015 година со почеток во 21 часот во центарот на Кривогаштани за прв пат се одржа „Бела ноќ“. Овој настан е оргнизиран од Младински центар за рурален развој – АВАНГАРДА во соработка со Здружение на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА. Настанот е од хуман карактер, а собраните средства ќе бидат наменети за Детската клиника во Скопје.
На овој настан учевствуваа
Dj Jovan, Dj Mario Eddie, Igor Trips, David Kay
IMG_7822-CopyНа настанот имаше околу 300 гости, претежно млади луѓе,кои се забавуваа до раните утрински часови, а свои штандови со пијалоци поставија кафебаровите од Кривогаштани.
– Од МЦРА АВАНГАРДА велат дека ваков настан е потребен во Кривогаштани, кое е мало место и младите не можат да се забавуваат на ваков начин. Се надеваме дека ова ќе прерасне во традиционален настан, со кој достојно можеме да го претставиме Кривогаштани.
– Кога ќе се спојат хуманоста и забавата во едно, исходот е секогаш добар. Со овој настан
пред се сакаме преку забава да ја разбудеме хуманоста кај младите луѓе, и да ја подобриме IMG_7882-Copyсвеста за епилепсијата како нарушување. Во изминатиот период на работа ние имаме организирано неколку слични настани, но овој посебно ги надмина нашите очекувања во однос на посетеноста и заинтересираноста. Особено не израдува фактот дека имаше посетители од многу други градови и места.Ние ќе продолжиме и во иднина да ги реализираме и нашите програмски активности, но и вакви настани кои ќе произлезат од соработката со слични вакви организации – изјавија од ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.