ЕПИЛЕПСИЈАТА Е ОНА ШТО ГО ИМАМ, А НЕ ОНА ШТО СУМ – 25 факти за епилепсијата

digital-brain-picМногу луѓе се во заблуда и мислат дека знаат за епилепсијата како хронично невролошко нарушување, но повеќето луѓе не знаат и затоа се плашат од епилепсијата и од лицата со епилепсија, честопати ги омаловажуваат и ги дискриминираат. Ви претставуваме 25 факти за епилепсијата кои можеби не сте ги знаеле:

  • Епилепсија не е лудило. Тaа е нарушување на функцијата на мозокот.
  • Во светот со епилепсија има околу 60 милиони луѓе.
  • Епилепсија можат да предизвикаат тумори на мозокот, тешки повреди на главата, мозочен удар, менингитис, вродени аномалии на мозокот, паразитски болести …
  • Епилепсијата може да биде предизвикана од прекумерно консумирање алкохол, но може да настане и без причина.
  • Епилепсија не може да предизвика каснување од бесно куче.
  • Иако генетските фактори можат да влијаат на појавата на епилепсија не е точно дека таа може да се пренесе само преку женската линија.
  • Луѓе кои немаат во семејството лице со епилепсија, може да добијат епилепсија.
  • Епилептични напади може да се случат и на човек кој нема епилепсија.
  • Епилепсијата не е заразна и не може да се пренесува со близок контакт со лице кое има епилепсија.
  • Од епилепсија страдаат и мажи и жени,од  различни раси и различна возраст.
  • Луѓето со епилепсија не живеат пократко од другите.
  • Луѓето со епилепсија не се  помалку интелигентни од другите, напротив,  многу генијалци, познати и славни луѓе имаат епилепсија.(пр. Александар Македонски, Исак Њутан, Питагора, Аристотел, Цезар, Достоевски, Наполеон и др.)
  • Со уреден живот и редова терапија, луѓето со епилепсија можат да ги контролираат своите напади и да живеат нормален живот.
  • Луѓето со епилепсија може да спортуваат, може успешно да го завршат училиштето и нормално може да работат како  другите луѓе.
  • Лице со епилепсија не може да биде професионален возач, но може да се добие возачка дозвола, ако ги исполнува условите пропишани со закон.
  • Жените со епилепсија може нормално да имаат деца.
  • Епилептични напади не е секогаш придружени со губење на свеста и појава на пена во устата.
  • Епилептични напади може да наликуваат на месечарење.
  • Појава на мирисни, визуелни и други визии (халуцинации) може да бидат знак за епилепсија.
  • Лицето кое го доживува напад треба да се сврте на страна, да се отстранат острите предмети од неговата околина и да се остане солицето, додека целосно да се разбуди.
  • Нетреба да се освестува  човек кој има напад или да се пробува да смири неговото тело.
  • Најголемата заблуда кај луѓето е дека кај лицето кое има напад треба да се стави нешто во уста за да се избегне задушување од голтање на јазикот.
  • Лице кое има епилепсија не е опасно за околината.
  • Со дружење со лице кое има епилепсија не се изложувате не било каков ризик.
  • Не е срамота да се има епилепсија.

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.