ЗЕОЛИТ – апсорбент и антиоксиданс


3d

 

Што е зеолит?

Зеолити се микропори, алуминосиликатни  минерали најчесто се користи како апсорбенти (имаат способност  да апсорбираат некои материи  во својата структура). Зеолитите  имаат порозна структура, која може да апсорбира натриум, калиум, калциум, магнезиум, и тешки метали кои можат да бидат токсични за организмот: жива, олово, уранwssиум.

Природен зеолит се формира кога вулкански карпи и пепел доаѓаат во контакт со подземни алкални води. Зеолитот од природата не е доволно чист  за употреба кај луѓето поради тоа што содржи минерали, метали, кварц, и затоа се  прочистува за да може да се користи кај луѓето.
За употреба кај луѓето се користи вид на зеолит – клиноптилолит, кој е составен од алумино-натриумски  или алумино-калциумски  силикат. Во технолошкиот процес на механички активирање зеолитот  е иситнет до големина на микрон, што ја зголемува неговата слободна површина, односно се  зголемува апсорпциониот капацитет и способност за јонска измена. Микроните  зеолит  ја стабилизираат клеточната структура и ги отстрануваат разградените производи на метаболизмот.

Клиноптилолит прикажан сликовито, изгледа како  пчелино саќе, кое е  негативно наелектризирано и има способност  да се поврзе со позитивно наелектризираните јони на тешките метали, токсини и штетни хемикалии. Зеолит се отстранува  од телото преку урината за 6 до 8 часа.

3d

Како  делува  зеолитот?

Најпознатиот ефект на зеолитот е  апсорпција. Зеолитот  се користи кај  различни видови на труење, бидејќи ги врзува за себе токсините, тешките метали, хемикалии, однсно ја  намалува нивната концентрација во телото.

Зеолитот  е исто така корисни како антиоксиданс, го спречува негативното влијание на слободните радикали во клетките. Слободните радикали се формираат под влијание на загадувањето, радијацијата, стрес, и тоа се нестабилни молекули кои реагираат со други молекули за да станат стабилни. Во оваа реакција нападнатиот  молекула сега станува нестабилен, односно станува слободен  радикал, и напаѓа други стабилни молекули. На овој начин  до оштетување на клетките  и појава на мутација на гените, формирање на клетките на ракот, оштетување на крвните садови, и во  краен случај  се развива  болест, како што е рак, срцеви заболувања, дијабетес, заболување на црниот дроб и другите  органи.

Зеолитот  се користи за апсорпција на бактериски токсини, микотоксини, и други загадувачи кои можат да предизвикаат болест во телото.

Зеолитот се користи за подобрување на општата здравствена состојба и имунитетот, намалување на нивото на шеќерот во крвта и како резултат на компликации од дијабетес, за намалување на оштетувањето  на крвните садови кај  атеросклероза, ја намалува концентрацијата на холестерол и триглицериди во крвта. А особено ефективна кај  труење и заболување на црниот дроб.

 

Со кои лекови не треба да се користи истовремено зеолитот?

Бидејќи зеолитот  има голем капацитет за апсорбирање на молекули, треба да се зема 6 часа пред или по употребата на лекови, витамини, минерали, бидејќи ако се земе истовремено со лекови може да ги апсорбира и да се спречат нивните ефекти.

 

Кои  несакани ефекти може да се јават при  употреба на зеолит?

Не се забележани никакви несакани ефекти при  употреба на зеолит.

 

Во кои случаи не треба да се користи зеолит?

Зеолит не се препорачува за деца под 3 години, бремени жени, пациенти на хемодијализа, бубрежни болни и лица  со трансплантација. Зеолитот  не треба да се земе два дена пред, за време и два дена по хемотерапија и радиотерапија.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.