РАБОТИТЕ НЕ СЕ СЕКОГАШ ОНАКВИ КАКВИ ШТО ИЗГЛЕДААТ – Поучна приказна

3dДва ангели патници застанале  да ја поминат ноќта во домот на едно богато семејство. Семејството било  нетактично  и одбило да ги прими во гостинската соба на куќата. Наместо тоа, на ангелите им дале  мал простор во студениот подрум. Додека го спремале нивниот  кревет, постариот ангел видел дупка во ѕидот и ја поправил. Кога го прашал помладиот ангел зошто, постариот ангел одговорил: “Работите не се секогаш се тоа што изгледаат.”

Следната ноќ ангелите дошле  да се одморат во куќата на едно многу сиромашно семејство, но човекот и неговата сопруга биле многу гостољубливи. Откако го поделиле со нив она малку храна, тие на ангелите им дозволиле да спијат во нивниот кревет каде што убаво ќе се одморат. Кога следното утро ангелите се разбудиле ги виделе човекот  и неговата жена во солзи. Нивната единствена крава која ја имале, чие млеко бил нивен единствен приход, лежела мртва. Помладиот ангел, помалку бил бесен и лут и го прашал  постариот ангел: “Како можеше да дозволиш  тоа да се случи? Првиот човек имаше сè, а ти  му помогна и ја поправи дупката во ѕидот; Втората фамилија имаше малку но спремни  да  делат со нас, а ти дозволи нивната единствена крава да умре. ”

“Работите не се секогаш она што изгледаат,” одговорил  постариот ангел .

“Кога бевме во подрумот на куќата, забележав дека во таа дупка е сокриено злато. Бидејќи сопственикот е толку опседнат со пари, го затворив златото во  ѕидот, па тој нема да го најде.”

“Минатата ноќ, додека спиевме  во креветот на ова сиромашно семејство, ангелот на смртта дојде по жената на овој човек ,  а јас му дадов крава.

Значи, работите не се секогаш онакви какви  што изгледаат. “



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.