ЕПИЛЕПСИЈАТА И БРЕМЕНОСТА

3d

Значителен број на бремени жени се жени со епилепсија.Вкупно од 0,33 до 0,5% од сите бремени жени страдаат од епилепсија. Од сите жени со епилепсија, 13% го имаат првиот напад за време на бременоста, од кои 40% имаат напади во текот на бременоста. Од друга страна, статус епилептикус (состојба во која нападите се повторуваат  без освестување меѓу нападите ) е дел од клиничката слика на еклампсија, како еден од најсериозните компликации на бременоста.

Без оглед на сите знаења и предрасуди, најмалку 90% од бремените жени со епилепсија, без никакви проблеми ја износуваат својата бременост. Планот за лечење на  трудниците со епилепсија треба да ги земе во предвид придобивките и ризиците кои можат да произлезат. Ова особено се однесува на употребата на антиепилептични лекови во текот на бременоста, како резултат на потенцијалниот ризик од оштетување на ембрионот или фетусот , употребата на лекови мора да се мери во однос на ризикот за мајката ако лековите воопшто не се земаат. Во многу случаи, жените стануваат свесни дека се бремени, дури по неколку недели од зачнувањето, а за тоа време биле изложени или на влијанието на антиепилептични лекови или на  епилептични напади.

Влијанието на бременоста врз епилепсијата

3dЗа време на бременоста се случуваат единствени промени во животот и  телото на  жената кои можат да влијаат врз промена во фреквенцијата на нападите. Психосоцијалниот статус се менува и независно дали  е поволен  или неповолен  наметнува многу нови обврски и грижи. Најважна е грижата  за идниот пород, заради кој  многу бремени жени ја намалуваат дозата или ги  прекинуваат  антиепилептиците. Психолошкиот  стрес е честа појава  и е придружен со хипервентилација (забрзано дишење), како и недоволно спиење. Хормоналните промени се нагли и повисоки отколку во било кој друг период од животот. Фармакокинетиката (апсорпција, метаболизам  и елиминацијата) на повеќето лекови е значително изменета. Сето ова може  да влијае врз епилепсијата на трудницата. Во една анализа на досегашни истражувања,заклучено е дека кај 24% од бремените жени  контролирањето на нападот е влошено, кај  22% подобрена, а во поголемиот дел од 54% нема промени. Најчесто влошување  имаат  пациентите  со тераписки резистентна епилепсија терапија (оние чии епилепсија не е под контрола, и пред бременоста). За среќа, не постои индикација дека зачестеноста на статус епилептикус  е повисока  за време на бременоста отколку надвор од неа. Најчести причини за влошување на контролата врз нападите е нередовното земање на лекови (страв на трудницата од тератогени ефекти) и нарушена апсорпција и распределба на лековите.

Влијанието на епилепсијата во бременоста и породувањето

3dЕпилептичните напади, од друга страна ја пореметуваат бременоста. Доколку  се појават, големи напади за време на бременоста се зголемува ризикот од компликации. Бремените жени со епилепсија и нецелосно контролирани напади имаат двојно поголем ризик од несакани исходи во бременоста од жените без епилепсија. Стапката на смртност на бремените жени со епилепсија се зголемува. Во текот на две годишно истражување во Велика Британија е 20 од 260 жени (7,7%) со терапевтски резистентна епилепсија починале, а причините  за смрт во поголемиот дел се поврзани со генерализирани тонично-клонични напади или епилептичен статус. Компликации во бременоста, како што се токсемија, прееклампсија, плацентарно крварење или предвремено породување се почести  до 3 пати и се јавуваат кај 9-11% од бремените жени со епилепсија.

Нападот кој предизвикува пад на бременоста може да предизвика повреда на стомакот, а со тоа и на плодот кај бремените  жени. Инциденцата на вродени дефекти кај плодот  кај бремени жени кои во текот на бременоста имаат големи епилептични напади е 8.6%, а кај бремени жени кои немаат  епилепсија е  1,6%, односно ризикот е зголемен 5,4 пати кога бремената жена има напади за време на бременоста. Од друга страна, ако епилепсијата е добро контролирана, компликациите на бременоста и нејзиниот исход не се разликуваат значително во однос на жените без епилепсија. Затоа контролата на нападите е важна задача за време на бременоста. Како и кај жени со епилепсија кои не се бремени, употребата на антиепилептични лекови значително ја намалува веројатноста за напад и кај жените за време на бременоста. Бремените жени кои добро ги поднесуваат  антиепилептичните  лекови пред бременоста, добро ги поднесуваат и за време на бременоста.

Бидејќи, од една страна има добро поднесување на лековите, а друга голем ризик за фетусот и мајката ако се јави голем напад, третманот со  антиепилептични лекови  кај жени  со епилепсија во текот на бременоста е неопходно, и покрај ризикот од тератогени влијание  на лекови. Доколку се јават напади за време на бременоста и потребно е лекување, започнување на терапијата е ист како на вон бременоста, односно се воведува еден вид на лек  во најниска доза, која постепено и полека се зголемува во мали дози.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.