Ако тој ден не му посакала добро утро, сега ќе лежеше мртва во ладилник. Поучна приказна

Лела работела во голема фабрика за месо. Еден ден, кога таа завршила со нејзината смена, отишла во замрзнувачот за да се провери нешто и во момент на невнимание вратата на фрижидерот се затворила и таа останала  заробена внатре.

Иако  врескала и барала помош никој не слушал, бидејќи сите веќе заминале дома,а и ладилникот е толку изолиран  така што никој не можeл да ја чуе и да е во близина.

Останала во оваа преладна соба и знаела дека е осудена на смрт, ако мора  да чека до утредента.

По неколку часа на оваа девојка веќе била  речиси замрзната и се простувала од животот.me

Сепак, во еден момент се отворила вратата и ноќниот чувар ја извлекол од ладилникот.

Подоцна кога го прашала зошто чуварот  ја отворил вратата, иако тоа никогаш не било негова вообичаена рутина, тој објаснил:

“Сум работел тука веќе 35 години. Десетици вработени секој ден излегуваат и влегуваат, но ти си една од ретките што ме поздравува секое утро и секоја вечер. Многумина ме третираат како да не постојам. Денес, кога дојде, ти ми рече: “Добро утро, како сте”, и се насмеав. Но, по неколку часа, сфатив дека јас не го слушнав твоето “Догледање,ќе се видиме утре.” Овие зборови ме потсетуваат дека јас сум човек. Знаев дека нешто недостига, па затоа отидов во потрага низ фабриката. Така те  најдов. “

Лекција: Однесувајте се кон луѓето со почит. И  чуварот и чистачката се луѓе како Вас. Ценете ги луѓето кои  можат да зборуваат со доктори на науки, но, исто така, да бидат и љубезни со некој кој е на пониска позиција. Никогаш не знаеш што ќе се случи утре!



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.