АЛКОХОЛОТ И ЕПИЛЕПСИЈАТА

Општо е познато дека луѓето кои консумираат премногу алкохол имаат значително поголем ризик од напади во однос на општата популација.AIE

Епилептични напади обично се јавуваат за време на периоди на апстиненција, во рок од 6-48 часа по последниот внес  на алкохол или како резултат на акутна алкохолна интоксикација. И во двата случаи се работи  за испровоциран напад, а веројатноста за повторување е мала, ако пациентот престане со консумирање на алкохол. Примена на антиепилептици не е потребна.

На апстиненциални напади треба да се сомневаме кај лица со историја за хронично консумирање алкохол и при податок за измена на режимот за внес на  алкохол во последните 2-5 дена. Присутни се чести потреси, потење, раздразливост, несоница, тахикардија, а во потешки случаи, нистагмус (како на сликата)Optokinetic_nystagmus

повраќање и халуцинации. Најсериозна компликација на алкохолниот апстиненцијален синдром е  делириум тременс, која има стапка на смртност од 10%. Затоа секој пациент со алкохолен апстиненцијален напад треба да се хоспитализира за понатамошна евалуација и третман. Појавата на статус епилептикус во период на апстиненција е релативно честа појава (9-25%) и укажува на можноста за метаболна / електролитен дисбаланс, контузни повреди на мозокот, присуството на субдурален хематом или менингитис.

Пациенти со синдром на алкохолни апстиненцијален напад треба да се третираат со парентерална примена  на тиамин (200 mg / ден), корекција на електролитни нарушувања и хидратација, со цел за примарна и секундарна превенција на епилептични напади треба да се даде бензодијазепин (лоразепам).

Првични мерки за лекување (употреба на тиамин и лоразепам) треба да се применат што е можно порано на ниво на примарна здравствена заштита, по што пациентот треба да се упати до соодветната психијатриска установа.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА 
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.