Одобрени се првите 3Д-испечатени лекови против епилептични напади

 

3d

Американската агенција за храна и лекови (FDA) ја издаде првата дозвола за лекарства креирани со 3Д принтер. Лекот против напади епилептични напади, Spritam, на Aprecia Pharmaceuticals е првото апче отпечатено со ваков уред кое ќе се издава на пациенти, јави BBC.

Предноста при принтањето на лекарствата е што се овозможува поглема прецизност, а поради ова лекарствата може да се пакуваат во помали дози. Од компанијата која го прави Spritam велат дека 3-Д-печатена верзија на лекови му овозможува на лекот да се растопува побрзо, со што може полесно да се проголта.”

Освен формата нема неикаква разлика помеѓу стандардните апчиња и отпечатените, како во делувањето така и во начинот на употреба. Новата технологија ќе овозможи и креирање на персонализирана терапија за секој пациент одделно, без дополнителни трошоци.

„Последниве 50 години произведуваме таблети во фабрики и им ги испраќаме на болниците, за прв пат со овој процес таблетите може да се произведат многу поблиску до пациентите“, вели др. Мохамед Албед Алхан за BBC. Спиритам ќе започне да се произведува на почетокот на 2016 година.

Извор:

IT.com.mk

 



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.