Лекарите предупредуваат: Користењето на паметни телефони и таблети може да предизвика епилепсија

d1
Епилепсија
та може да се случи и без причина. Сепак, причини за ова нарушување се неправилна исхрана, инфекција која влијае на мозокот, несреќи и трауми, крварење, генетиката но и прекумерната употреба на електронски уреди.

Прекумерна употреба на паметни телефони, таблети и телевизија подолго време, како и одмор во  простории  каде има  многу електронски уреди, може да предизвика епилепсија, пренесува Anadolu Agency (АА).

Епилепсијата е неистражен вид  на нарушувања, велат експертите. Тоа непознавање, влева страв кај многумина.

Епилепсијата е нарушување на функцијата на мозокот, и е брзо празнење на невроните во мозокот, што доведе до епилепичен напад. Спаѓа во најчестите  невролошки нарушувања.

Ова нарушување  се манифестира различно, тоа може да се покаже само во форма на мали солзи, но може да се покаже и со грчење на целото тело, и губење на свеста.

Раната дијагноза и соодветната  терапија може да го  предвидат ова нарушување.

– Во светот постои навредливо  мислење дека епилепсија не може да се лечи. Родителите ги кријат нивните деца со епилепсија. Но терапија им помага на пациентите да продолжат со нормален живот и тоа нè прави среќни – рече раководителот на Секторот за неврологија, на Факултетот за медицина при Универзитетот Селчук и претседател на Здружението на невролози на Турција Serefnur Ozturk.

Таа посочи дека епилепсија може да се случи и без причина. Сепак, причини за ова нарушување се неправилна исхрана, инфекција која влијае на мозокот, несреќи и трауми, крварење, генетиката но и прекумерната употреба на електронски уреди.d2

Лицата со епилепсија често имаат проблеми со спиењето и гладот.

– Зголемената  светлина на паметните телефони, таблетите, компјутерите и телевизиските екрани го зголемуваат ризикот од епилепсија. Затоа, пациентите кои страдаат од епилепсија треба да ги намалат светлото  на екрание и помалку да користат  електронски уреди. Светлината на екраните треба да се сведе на минимум – советува Ozturk.

Понекогаш дури и зголемениот тон е доволна причина да предизвика негативни процеси во мозокот.

– Дури и децата од рана возраст користат паметен телефон. Растат  со телефони и таблети во рацете. Но нивната употреба треба да биде ограничена. Уреди кои работат на допир може да бидат опасни  за нормален развој на детето, бидејќи го менува чувството за допир и вид. За оваа причина, треба да се ограничи употребата на овие уреди – предупредува Ozturk.

Извор:

Faktor.ba



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.