Хроничен замор – што го предизвикува?

New-Study-Found-Clear-Biological-Signs-For-Chronic-FatigueХроничен замор е болест или состојба која се карактеризира со чувство на неверојатен замор.

Заморот се влошува со физички или ментален напор и не поминува дури и кога се одмарате.

Поради тоа што симптомите на хроничниот замор е многу тешко да се измерат, оваа состојба до неодамна не беше сфатена сериозно.

Но денес, лекарите и научниците се согласни дека оваа болест навистина постои и дека тоа треба да се сфати сериозно.

Симптоми на болеста

Луѓето кои страдаат од хроничен замор можат да имаат различни симптоми кои можат да се појавуваат и исчезнуваат без некоја посебна цел.

Главните симптоми се …

  • замор;
  • Губење на меморијата или концентрацијата;
  • болки во грлото;
  • зголемени и болни лимфни јазли на вратот или пазувите;
  • необјаснети болки во мускулите;
  • болка која се движи од еден до друг зглоб без оток или црвенило;
  • главоболка;
  • сон кој не носи одмор и освежување;
  • екстремни замор кој трае повеќе од 24 часа.

Дополнителни симптоми се …

  • болка или оток во стомакот, дијареа;
  • алергија или хиперсензитивност на секаков вид на храна, мириси, хемикалии, лекови;
  • вртоглавица, несвестица;
  • Сува уста;
  • болка во увото, градите или вилицата;
  • аритмија;
  • утринска вкочанетост во зглобовите;
  • гадење;
  • ноќно потење;
  • психолошки проблеми, депресија, анксиозност, напади на паника;
  • останување без здив;
  • проблеми со видот како заматен вид, чувствителност на светлина или болка во очите;
  • ненадејно губење на тежината и зголемување на телесната тежина.

Причините за хроничен замор

Има неколку можни причини за хроничен замор, вклучувајќи:

  • депресија;
  • анемија;
  • хипогликемија (ниско ниво на шеќер во крвта);
  • алергија;
  • вирусна инфекција ;
  • неправилно функционирање на имунолошкиот систем;
  • пореметување на хормоните во телото;
  • автоимуни болести;
  • хронично низок притисок;

Понекогаш симптомите на синдромот на хроничниот замор можат да бидат предизвикани од страна на други болести (артритис,  нарушување во спиењето, хепатит, леукемија, рак …) или со земање на одредени лекови.

Причините за хроничен замор според алтернативната медицина:

  • Epstein Barr вирусот (HHV-4)

Порано се сметаше дека овој вирус е единствената причина за хроничниот замор. Epstein Barr вирусот е многу проширен (присутна во 95% од населението, но повеќето од нас имаат развиено имунитет за него). Според конвенционалните доктори, Epstein Barr вирусот е поврзан со многу болести, како што се инфективна мононуклеоза, рак, системски еритематозен лупус, мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, хроничен замор, итн

  • Кандида

Нездрава исхрана, прекумерна употреба на антибиотици, нездрав начин на живот може да придонесе за раст на кандида во организмот. Во овој случај, нашето тело ќе троши голем дел од енергијата за одбрана од  инвазијата на кандида. Според алтернативните експерти, кандидата  може да предизвика сериозни здравствени проблеми, како синдром на хроничен замор, алергии, артритис, па дури и рак.

  • Недостаток на витамини и минерали во организмот

Сите ние знаеме дека за правилно функционирање на нашето тело потребни му се витамини и минерали. Ако нас  подолго време ни недостасува одреден витамин или минерал, тоа сигурно ќе влијае на нашето здравје. Многу е  веројатно е првиот симптом да биде хроничен замор.

  • Паразити

Ги имаме сите (според истражувањето, просечен американец  во сворто  тело носи барем пола килограм  паразити). Паразитите го прават  она што произлегува од нивните имиња – паразитираат  (крадат  витамини и минерали кои му се потребни на нашето тело, а за возврат испуштаат отрови, кои го оптоваруваат  телото).

  • Стрес

Освен штетата која  може да ја предизвика кај надбубрежните жлезди и нервниот систем, стресот, исто така, влијае на имунолошкиот систем и предизвикува губење на витамини. Долгорочна изложеност на стрес може да предизвика  и хроничен замор.

  • Депресија

Не смее да се потцени. Таа не е само физички, туку и емоционална товар.

  • токсини во телото

За жал, живееме во загаден свет. Токсини се наоѓаат во воздухот, водата, храната  и влијаат на нашите животи. Нашето тело има свои граници на толеранција за отровите, после што почнува дава алармни сигнали како низок имунолошки систем, постојан замор, алергии и така натаму. Важно е редовно чистење на телото од отрови.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.