ЕПИЛЕПСИЈА- Што е всушност и како да помогнете при епилептичен напад

HG170_brain-epilepsy_FSЕпилепсија е едно од најчестите невролошки нарушувања кое погаѓа различни луѓе на различни начини. Таа се јавува во вид на  повторувани епилептични напади.Нападот наликува на внатрешна бура со грмотевици. Се јавува одеднаш, без најава и предупредување. Не постои едноставно објаснување и често не е лесно да ја наведе причината зошто некој добива епилептичен напад и зошто нападите се повторуваат.Мозочните клетки кои ги контролираат нашите мисли, чувства и постапки, меѓусебно комуницираат преку постојани електрични импулси. Епилептичен напад настанува тогаш кога зголемена електрична активност ќе го наруши овој вообичаен тек.

Појавата на еден епилептичен напад не значи епилепсија. Постојат различни видови на напади, сепак, секое лице кое има епилепсија обично има повторување на исти видови на напади.

Во проценти околу 1% од граѓаните на Македонија имаат епилепсија.

Епилепсија може да ја предизвика стресот,несоницата, алкохолот или заморот.

Епилепсија може да биде идиопатска (каде што не постои јасна причина за појава на напади) и симптоматски која е позната причината (тумор, неправилности во крвните садови, разни воспалителни процеси во мозокот, и слично).

Самиот епилептичен напад во непосредната околина може да делува многу драматично, така што во овој текст ќе дадеме неколку корисни совети како да постапите во тој случај.

При нападот, едно лице може одеднаш да падне со испуштање на крици, прво се вкочанува а потоа ги тресе рацете и нозете, исто така можно е  да има пена или крв на устата.

Не сите епилептични напади се манифестираат на тој начин.

На пример простите делумни напади се напади кои влијаат само на еден дел од мозокот. Знаците што ги има лицето ќе зависат од функцијата што ја контролира тој дел од мозокот. Нападот може да доведе до неволно движење или вкочанување на рака или нога, до чувство дека некоја работа веќе е видена порано, до чувство на непријатен мирис или вкус, или до чувство на “пеперуги” во стомакот или гадење. Во текот на нападот лицето останува свесно. Нападот обично трае помалку од една минута, а потоа лицето закрепнува.

Сложените делумни напади исто така влијаат само на еден дел од мозокот, но ја менуваат свесноста на лицето. Лицето често може да изгледа збунето и зашеметено и може да постапува чудно, на пример, да ги плетка алиштата, да прави движења како да џвака или да испушта необични звуци. Нападот обично трае една до две минути, но лицето може да биде збунето и дремливо од неколку минути до неколку часа по нападот.

Нападите кои предизвикуваат умствена отсутност [petit mal] се општи напади што го зафаќаат целиот мозок и почесто се јавуваат кај деца. При овој вид напади, лицето ја губи свесноста за она што се случува околу него, но ретко паѓа наземи. Едноставно се загледува некаде, а може и да ги преврти очите или очните капаци да му треперат. Може да биде тешко да се направи разлика меѓу напади што предизвикуваат умствена отсутност и обичната занесеност. Меѓутоа, нападите на умствена отсутност почнуваат ненадејно, траат неколку секунди, потоа ненедејно престануваат и лицето продолжува да го прави она што го правело пред нападот. Иако овие напади траат само неколку секунди, тие може да се случат многу пати во текот на денот и секој ден, па затоа може многу да го нарушуваат учењето.

Миоклоничните напади се неконтролирани грчови на мускулите. Овие напади обично се случуваат набргу по будењето или пред легнување, кога лицето е изморено. Како и при другите општи напади, доаѓа до губење на свеста, но тоа е многу кусо и одвај забележливо.

Тонично-клоничните напади [grand mal] се општи напади што го зафаќаат целиот мозок. Токму на овој вид напади најчесто помислуваат луѓето кога ќе се спомене епилепсија. Некои луѓе може да искусат “аура”, како што е чувството дека некоја ситуација веќе ја имаат видено порано, необично чувство во стомакот или необичен вкус или мирис, непосредно пред да почне нападот. И самата аура е прост делумен напад. При тонично-клоничен напад, телото на лицето се вкочанува и лицето паѓа наземи [тонична фаза]. Потоа рацете и нозете почнуваат да му се движат неконтролирано со силни, симетрични и ритмични движења [клонична фаза]. На лицето може да му течат лиги од устата, лицето да му помодри или поцрвени, или да загуби контрола над мочниот меур и/или дебелото црево. Иако овој вид напад може да им изгледа страшно на оние што гледаат отстрана, малку е веројатно дека самиот напад ќе му наштети на лицето што го има нападот. Меѓутоа, лицето може да поврати или да си го гризне јазикот, а понекогаш може и да се повреди ако удри во околните предмети при паѓањето или грчењето. Нападот обично престанува по неколку минути. Тогаш лицето обично е збунето и дремливо. Може да има главоболка и да сака да спие. Оваа дремливост може да трае повеќе часови.

Тоничните напади се општи напади што предизвикуваат вкочанување на мускулите, па ако лицето стои, може да падне наземи. Овие напади може да се јават во серии во текот на спиењето, но ако се случат кога лицето е будно, често може да предизвикаат повреда на главата. Ако е тоа соодветно, препорачливо е лицето да носи заштитен шлем за да се спречат повреди. Побарајте лекарска помош ако лицето се повреди.

Атоничните напади се општи напади што влијаат на тонусот (затегнатоста) на мускулите, поради што лицето паѓа наземи. Овие напади, што често се нарекуваат “напади со паѓање” или астатични напади, може да предизвикаат повреда на главата или на лицето. Се препорачува носење на заштита за главата за да се избегнат постојани повреди. Лицето обично закрепнува прилично брзо. Побарајте лекарска помош ако лицето е повредено.

Врежано е мислењето дека на лицето кое има напад му заканува „голтање“ на јазикот и гушење, тогаш присутното лице лице насилно ја отвора  неговата вилица која е цврсто стегната и се обидува да го фиксира или извади јазикот. Ова е сосема ПОГРЕШНО и при вакви манипулации обично доаѓа до оштетување на усните, јазикот и честопати и скршени заби. При епилептични напади никогаш не треба насилно да се отвора вилицата за време на нападот!

Во ваква  ситуација исправно е лицето да го свртите на страна, откопчајте го да се чувствува удобно ако има вратоврска или слично, откопчајте го и појасот, доколку го има, отстранете ги тврдите предмети од кои може да се повреди и информирајте на лекар, кој потоа ќе се обезбеди соодветна медицинска помош. Родителите чии деца страдаат од епилепсија обично со нив носат лек кој го пропишува и кој може да го запре веќе започнатиот напад или го скрати времетраењето на нападот.

На тој што имал епилептичен напад не е препорачливо да се даде вода, лекови и слично се додека целосно не се освести и почне да комуницира.

Некои пациенти имаат предзнаци на т.н.. Аура што укажува дека нападот ќе се случи и важно е тие веднаш по почетокот на аурата да се сместат на удобно место, како не  би се повредиле за време на нападот.

Не се препорачува посебни манипулации за да се спречат нападите што ги присутните понекогаш ги прават, како што е држење цврсто за рака и нога која за да не се грчат. На овој начин нападот не може да се запре и тоа може да предизвика повреда на пациентот. Кај  некои видови на напади, лицата може да бидат вознемирени за кратко време, ретко агресивни и присутните потребно е да оадржат прибран и смирен став што на лицето ќе му делува смирувачки: само откако лицето ќе се воспостави соодветен вербален контакт присутните може да се вклучат во комуникација со него. Секако кај овој тип на напад треба да бидете трпеливи и да почекате да заврши нападот.

Важно е за време на нападот присутните да направат како што е наведено, да се смират, да бидат присебни, да не паничат и да запамтат како нападот се манифестира бидеќи давањето на овие податоци може да му послужи на докторот за воспоставување на точна дијагноза, особено ако нападот се појави за прв пат.

Или накperратко:

  • Отстранете ги објектите од кои лицето може да се повреди;
  • Ставете перницата или нешто меко под главата или подигнете ја малку главата
  • По завршувањето на нападот лицето стави во позиција на кома ;
  • Останете со лицето додека целосно се освести;
  • Бидете смирени и со нежен глас обраќајте се кон лицето.

НИКАКО

  • Немојте да го спречувате нападот;
  • Немојте насилно да ја отварате устата;
  • Немојте да ставате предмет помеѓу забите.

povКОГА да повикајте брза помош (194):

  • Ако знаете дека ова е прв напад на епилепсија;
  • Ако трае подолго од 5 минути;
  • Ако нападите се повторуваат;
  • Ако лицето се повреди за време на нападот;
  • Ако се процените дека е потребна неодложна лекарска помош.


Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.