Дали знаете колку вашата потсвест е моќна? Еве што се случува кога ќе се размислуваме за нешто интензивно!

Maria_astral2
Ако ние сме несреќни, лути, депресивни – тоа е знак и предупредување дека нешто не е  во ред и треба да побараме помош. Ако го игнорираме предупредувањето, болката ќе стане посилна.

Често за да ги смириме  нашите чувства на физичко, емоционално и ментално ниво посегнуваме кон седативи.

Проблемите на другите луѓе  секогаш е полесно да ги согледаме, бидејќи ние самите ретко се забележуваме каде грешиме.

Реики е вештина која ни помага енергетски  да  видиме дека постои проблем, тогаш можеме  да  лоцираме каде повредата, која е причината, какви се и кои се   последиците  и како можеме да си помогнеме да се излекуваме.

Секој од нас, како што добива енергија, така и  ја  пренесува, свесно или несвесно од средината во која што  е. Всушност, сè што даваме  се враќа во нас самите.

Лансирана е  универзална животна енергија што тече низ нашите минорни  чакри на нашите  раце и нозе. Положување на рацете на делови од нашето тело  доведува до напојување на нашиот  ум и тело со оптимална животна енергија, исцелување, балансирање на нашиот енергетски систем и зајакнување на механизмите за одбрана што резултира со подобрување на севкупните  аспекти на животот.

Ова  вклучува самотретман  на прво ниво  и исцелување на  другите и себе си на следноото  ниво  почнувајќи од второто. Исто така, може да лекуваме и животни и нашата животна средина.

Подарок, во  овој процес е можноста за повторна хармонија со себе и околината која нè воведува во мир и спокојство. Исто така, за учењето  кое го носи Реики ни помага да го  разбереме  подобро животот  и сето она што го сочинува.

Умот е центарот на нашите  животни функции  и како што се вели, “Ние сме она што јадеме” на физичко ниво, така е, “ние сме она што мислиме дека сме”,  на ментален, емоционален и  енергичен план! Ова значи дека мислите кои ги  проектираме  и емотивните реакции кои  тие ги активираат,  делуваат на структурата на нашиот ум. Нашите тела и нашите животи се одраз на нашиот ум.

Електро-магнетното поле на Земјата, како главен енергетски организам  во кој се наоѓаме, и  чија што сме мала енергетска  ќелија има свои закони. Тоа не е чичко кој седи на брегот и ги собира нашите  добри и лоши дела, со цел да не награди или казни во зависност од нашите резултат.

 

Тоа е математичко-енергетски систем кој работи на принцип на пренос на енергетски  информации  кои имаат свои  одраз и во универзумот и во нашата био област, а со тоа и во нашите животи.

Кога мислиме интензивно за нешто , истовремено испраќаме  енергетскки запис  кој го превзема био полето околу нас.

Нашите мисли предизвикуваат определени  емоционални реакции.

Секогаш кога ќе ги сменеме  емоциите, на пример, од фрустрации да преминеме на  радост, доаѓа до 1.400 биохемиски промени во телото веднаш. Кога помислиме  на сите емоции кои ги  чувствуваме во еден ден, можеме да видиме дека емоциите создаваат многу промени во нашата физиологија.

Значи, секако, има смисла да почнеме  да внимаваме  на духовната  храна, подеднакво како и храната  за телото.

Ова е еден од клучните фактори за подобро здравје. Тоа, секако, го забавува процесот на стареење. Силните негативни емоции нас не дегенерираат. Позитивните емоционални состојби нас не  регенерираат. Преку формирање на модел на мислата поддржан од канализирање на универзалната  животна енергија влегуваме во мирот и спокојството на животот.

За подлабоко да ја разбереме и свесно да ја користеме  енергијата што е околу нас ќе ни помогнат Реики симболите. Реики симболите се важни и се многу значаен  дел од практиката на Реики. Овозможуваат фокусирање  на  енергијата  на Реики за специфични намени. Тие се клучни за лансирање на енергија. Нивната моќ и резултати доаѓаат со љубов која ни овозможува да се прифатат  вредностите  кои ги  добиваме  како подарок од Универзумот.



Не е дозволено превземањето на оваа содржина или на делови од неа без цитирање на изворот Здружение ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА
Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.