За епилептични напади?

Епилептичен напад е заеднички именител на сите видови епилепсија. Тој има почеток, траење и крај. Постојат случувања кои му претходат и кои следат по завршувањето на нападот. Понекогаш се случува во одредено време од денот или ноќта, во текот на спиењето, за време на будењето, или кога сме будни. Понекогаш нападите се поврзани со одредени, честопати многу специфични ситуации. По изгледот, нападите се разликуваат. Постои широк спектар на напади, од “благи” напади, кои тешко се приметуваат, и честопати не се забележуваат од околината или од самата личност која ги има, па се до “големи напад”, претходно се нарекувале grand mal напади, кои со векови беа единствениот препознатлив знак за епилепсија.

Постојат повеќе од 30 видови на епилептични напади
Најчести се следните напади:

* Тонично-клонични напади
* Апсанс напади
* Миоклонични напади
* Прости делумени напад
* Сложени делумни напади

Нападите може да бидат проследен со некои нарушувања (аура, продромални). Сите напади може да се јават сами или во комбинација. Често нападот нема јасни карактеристики на еден тип, но постојат одредени карактеристики за различни напади. Нападот може да почне со карактеристики на еден тип, а потоа да прерасне во другн тип на напад (делумна трансформација во тонично-клонични напади, т.н. “генерализација”). Некои напади се типични за одредени епилептични синдроми, а кај некои епилепсии се гледаат повеќе и различни видови на напади.

Сите наши мисли, чувства или постапки се контролирани од мозочните клетки што комуницираат меѓу себе преку постојани електрични импулси. Епилептичен напад настанува кога ненадејна навалица на електрична активност ќе го наруши овој вообичаен тек. Комуникацијата меѓу клетките се нарушува и нашите мисли, чувства или движења истиот миг стануваат збунети или неконтролирани. Иако епилептичните напади може да бидат застрашувачки, во повеќето случаи тие престануваат сами од себе. Откако нападот ќе заврши, лицето постепено пак воспоставува контрола над себеси и повторно знае каде е без никакви штетни последици. Најголемиот број луѓе што страдаат од епилепсија успеваат со лекови да ги контролираат своите епилептични напади.

Препознавање на епилептичните напади

Во целиот свет е прифатено мислењето дека, иако епилептичните напади се многу сложени, тие обично спаѓаат во две категории: делумни или жаришни, од една страна, и општи, од друга страна. Делумните или жаришни напади почнуваат во еден дел од мозокот (односно во жариште во мозокот) и влијаат врз оној дел од телото што тој дел од мозокот го контролира. Општите напади го зафаќаат целиот мозок па затоа влијаат на целото тело.

Видови на епилептични напади и поделба … повеќе …

Причини за епилептичните напади … повеќе …

 



Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.