Што е епилепсија?

ЕПИЛЕПТИЧНИ НАПАДИ …повеќе …
СИМПТОМИ …повеќе …
ШТО МОЖЕ ДА ЈА ПРЕДИЗВИКА ЕПИЛЕПСИЈАТА …повеќе …
СОВЕТИ ЗА ЛИЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА …повеќе …
ЕПИЛЕПСИЈАТА ВО БРЕМЕНОСТА 1 … повеќе …
ЕПИЛЕПСИЈАТА ВО БРЕМЕНОСТА 2 … повеќе …
ЕПИЛЕПСИЈАТА И ТИНЕЈЏЕРИТЕ … повеќе …
ЕПИЛЕПСИЈАТА И АЛКОХОЛОТ … повеќе …
ЛЕКУВАЊЕ НА ЕПИЛЕПСИЈАТА …повеќе …
ЕПИЛЕПСИЈАТА И СПОРТОТ …повеќе …
ЕПИЛЕПСИЈАТА И ВАКЦИНИТЕ …повеќе …
ФАКТИ ЗА ЕПИЛЕПСИЈАТА …повеќе …
ПОЗНАТИ СО ЕПИЛЕПСИЈА …повеќе …
SUDEP – НЕНАДАЈНА НЕОЧЕКУВАНА СМРТ …повеќе … 
ОДНОСОТ НА СЕМЕЈСТВОТО ПРЕМА ЛИЦЕТО СО ЕПИЛЕПСИЈА …повеќе …
ДАЛИ ЕПИЛЕПСИЈАТА Е НАСЛЕДНА? … повеќе ...
ДАЛИ ЛИЦЕ СО ЕПИЛЕПСИЈА СМЕЕ ДА УПРАВУВА СО МОТОРНО ВОЗИЛО …повеќе …

Епилепсија е едно од најчестите невролошки нарушувања кое погаѓа различни луѓе на различни начини. Таа се јавува во вид на  повторувани епилептични напади.Нападот наликува на внатрешна бура со грмотевици. Се јавува одеднаш, без најава и предупредување. Не постои едноставно објаснување и често не е лесно да ја наведе причината зошто некој добива епилептичен напад и зошто нападите се повторуваат.

Нашите мисли, чувства и постапки контролирани се од клетки во мозокот кои меѓусебно комуницираат преку електрични импулси, и при ненадајна навалица на поголема електри;на активност доаѓа до напад. Тие се појавуваат во различни интервали, и обично се препознаваат по  карактеристичните  симптоми. Меѓутоа,  за нивното разликување од другите состојби  од огромно значење ЕЕГ (електроенцефалографија). Со овој метод може да се открие посебен вид на абнормалност во мозочните клетки кои доведуваат до појава на напади.

Според Европската декларација за Епилепсија во 2011 година, во Европа околу 6 милиони  луѓе кои имаат епилепсија и 300 илјади нови случаи  се  дијагностицирани секоја година.

Во Македонија нема официјална статистика колку луѓе има со епилепсија. Но ако ние  применеме слични епидемиолошките критериуми, во Македонија има  околу 25.000 луѓе со епилепсија.

Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите на нападите  и наодите на електроенцефалограф (ЕЕГ). Лекарот обично не е во можност лично да го види нападот , и му е потребен детален опис на нападот и околностите во кои тој се појавил. Многу важно е  сведочењаето  на очевидците зашто лицето кое има напад често поради нарушувања на свеста не е во состојба точно да опише што точно се случило. Во речиси сите случаи, потребно е да се направи ЕЕГ и МР (магнетна резонанца) или КТ (компјутерска томографија) на мозокот, ЕКГ (електрокардиографија) и лабораториски испитувања.

Стандардното ЕЕГ снимање често е нормално и кај луѓет кои имаат одредена дијагноза епилепсија. Меѓутоа, откако се повтори и продолжи снимањето, и  после снимање во посебни околности и примена на посебни техники, овој број е значително намален. Сепак, околу 5-10% од луѓето со карактеристични абнормалности во ЕЕГ може да се најдат само доколку се  применат инвазивни техники кои вклучуваат оперетивни зафати.

Конечната дијагноза ја поставува лекар специјалист кој има соодветни теоретски и практични знаења. Обично невролог или неуропедијатар.

Епилепсијата е нарушување што е придружено на различни болести и состојби. Затоа шансите за лекување се многу различни и зависат од конкретните околности кои доведуваат до епилепсија. Меѓутоа, при анализа на резултатите од лекувањето на голем број на луѓе со различни форми на епилепсија, што може да се рече дека нападите не се јавуваат кај повеќе од 2/3 од оние кои редовно се на терапија., односно околу 75% од лицата со епилепсија имаат контролирани напади.

Во целиот свет е прифатено мислењето дека, иако епилептичните напади се многу сложени, тие обично спаѓаат во две категории: делумни или жаришни, од една страна, и општи, од друга страна. Делумните или жаришни напади почнуваат во еден дел од мозокот [односно во жариште во мозокот] и влијаат врз оној дел од телото што тој дел од мозокот го контролира. Општите напади го зафаќаат целиот мозок па затоа влијаат на целото тело.



Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.