Целите на Здружениетона граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија – ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА се:
Да се подобри квалитетот на животот на сите луѓе со епилепсија и нивните семејства, како и да се овозможи подобро разбирање на природата на епилепсија и потребите на луѓето со епилепсија;
Да се зголеми јавната и професионална свест за епилепсија како нарушување кое може да се лекува;
Да се идентификуваат потребите на луѓето со епилепсија на национално и регионално ниво;
Да се поттикнат институциите да одговорат на потребите на луѓето со епилепсија.