Многу луѓе се во заблуда и мислат дека знаат за епилепсијата како хронично невролошко нарушување, но повеќето луѓе не знаат и затоа се плашат од епилепсијата и од лицата со епилепсија, честопати ги омаловажуваат и ги дискриминираат. Ова се некои факти за епилепсијата:
- Епилепсија не е лудило. Тaа е нарушување на функцијата на мозокот.
- Во светот со епилепсија има околу 60 милиони луѓе.
- Епилепсија можат да предизвикаат тумори на мозокот, тешки повреди на главата, мозочен удар, менингитис, вродени аномалии на мозокот, паразитски болести …
- Епилепсијата може да биде предизвикана од прекумерно консумирање алкохол, но може да настане и без причина.
- Епилепсија не може да предизвика каснување од бесно куче.
- Иако генетските фактори можат да влијаат на појавата на епилепсија не е точно дека таа може да се пренесе само преку женската линија.
- Луѓе кои немаат во семејството лице со епилепсија, може да добијат епилепсија.
- Епилептични напади може да се случат и на човек кој нема епилепсија.
- Епилепсијата не е заразна и не може да се пренесува со близок контакт со лице кое има епилепсија.
- Од епилепсија страдаат и мажи и жени,од различни раси и различна возраст.
- Луѓето со епилепсија не живеат пократко од другите.
- Луѓето со епилепсија не се помалку интелигентни од другите, напротив, многу генијалци, познати и славни луѓе имаат епилепсија.(пр. Александар Македонски, Исак Њутан, Питагора, Аристотел, Цезар, Достоевски, Наполеон и др.)
- Со уреден живот и редова терапија, луѓето со епилепсија можат да ги контролираат своите напади и да живеат нормален живот.
- Луѓето со епилепсија може да спортуваат, може успешно да го завршат училиштето и нормално може да работат како другите луѓе.
- Лице со епилепсија не може да биде професионален возач, но може да се добие возачка дозвола, ако ги исполнува условите пропишани со закон.
- Жените со епилепсија може нормално да имаат деца.
- Епилептични напади не е секогаш придружени со губење на свеста и појава на пена во устата.
- Епилептични напади може да наликуваат на месечарење.
- Појава на мирисни, визуелни и други визии (халуцинации) може да бидат знак за епилепсија.
- Лицето кое го доживува напад треба да се сврте на страна, да се отстранат острите предмети од неговата околина и да се остане солицето, додека целосно да се разбуди.
- Нетреба да се освестува човек кој има напад или да се пробува да смири неговото тело.
- Најголемата заблуда кај луѓето е дека кај лицето кое има напад треба да се стави нешто во уста за да се избегне задушување од голтање на јазикот.
- Лице кое има епилепсија не е опасно за околината.
- Со дружење со лице кое има епилепсија не се изложувате не било каков ризик.