СОВЕТИ ЗА ЛИЦА СО ЕПИЛЕПСИЈА

Еве неколку совети кои може да ги олесни секојдневните проблеми, пред се на лицата со епилепсија, и на нвивните семејства или пријателите …

Во бањата:

Вратите не ги заклучувајте (обесете натпис “зафатено”);
Побезбедно е туширање наместо капење во када;
Потпевнувајте под туш, така што луѓето во домот ќе знаат дека сте добро;
Туширајте се со млака вода (избегнувајте премногу топла вода);
Секој пат проверувајте дали одводот и вентилацијата во бањата се исправни;
Лицата кои имаат чести напади треба да преземат дополнителни мерки на безбедност при капење (специјални душеци, столици со сигурносни појаси и сл.);
Избегнувајте употреба на електрични уреди (фен за коса, електричена бричалка и сл.) во бањата или во близина на вода.
Во кујната:

Секогаш кога е можно, гответе и користете електрични апарати, во присуство на членовите на семејството;
Користете пластични чинии, шољи и чаши;
Користете гумени ракавици при ракување со нож или при миење на чинии;
Избегнувајте често користење на остри ножеви (користете веќе исечени или полу-приготвена храна);
Ако е можно, користете микробранова печка.
На работа:

Запознајте ги луѓето кои што работат со Вас дека постои можност за појава на напади и како во тој случај може да помогнат;
Носете заштитна облека во согласност со типот на нападите и условите за работа;
Имајте во плакарот резервна облека, за да се преслечете ако е потребно.
Во домот:

Обложете ги Вашите подови и мебел со меки материјали;
Обложете ги острите рабови на мебелот или купете мебел со заоблени ќошови;
Ставете штитници околу местата со отворен оган, греалки и радијатори;
Избегнувајте пушење и палење оган, ако сте сами;
Не пренесувајте запалени свеќи или загреани садови;
Избегне греалки кои може да се превртат;
Особено внимателно користе ја пеглата и други електрични апарати, дури и оние кои имаат автоматско исклучување;
Избегнувајте качување на стол или скала, особено ако сте сами во куќата.



Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.