Некои од симптомите кои му претходат на нападите на епилепсија :
- Чувство на искри, чуден мирис и вкус, бес или ненаданја голема жалост;
- Гадење и повраќање;
- Вкочанетост на рацете;
- Немотивирано движење;
- Разни необични сензации;
- Погрешна перцепција на големината на предметите;
- Чувство дека нешто е веќе видени или дена нешно никогаш не е видено;
- Ненадајно зголемено отчукување на срцето;
- Ронање на забите и др.
Кај епилепсијата тешко е да се утврди јасно, главната причина која ја предизвикува,
Скоро сите болести или повреди на мозокот можат да предизвикаат и епилептични напади, особено доколку се оштети кората на големиот мозок.Честопати и со најсовремените методи на пребарувања во мозочното ткиво не можат да се најдат знаци на болест. Па во ваква ситуација се верува дека највачна е генетската подложност и тогаш епилепсијата можно е да се јави не само на еден член во семејството. Иако понекогаш се среќава, ова појава е релативно ретка.