Лекување

Дали епилепсија може да се излечи?

Под поимот излекувано се смета состојба во која е целосно исчезнато, и малку е веројатно да се повтори.Кога се зборува за епилепсијата ситуацијата е малку поинаква.

Постои голем процент на лица со епилепсија, особено деца, каде епилепсијата се “излекувала“ односно нападите исчезнале, а терапијата по препорака на лекар е прекината.

Во просек 80% од останатите луѓе со епилепсија можат да ги контролираат своите напади со лекови, што значи,можат да водат нормален живот. Успехот зависи од видот на епилепсијата, точната дијагноза, изборот на лекови, евентуални оштетувања кои ги предизвикала епилепсијата и социјални проблеми.
Меѓутоа, во некои поединци, нападите продолжуваат и покрај правилниот третман. Овие луѓе, чии епилептични жаришта се наоѓаат во посебена “регија” на мозокот, нападите може да ги спречат со хируршки лекување.
Секојдневното земање лекови под редовни лекарски надзор, може да ги спречи напади. Каде што е можно, лекарите користат само еден лек при третманот. И по прекинувањето на нападите, треба да се продолжи со земањето лекови, уште неколку години, но само со насоки и контрола на лекар, кој ја третира епилепсијата и може да почнесо нивно исклучување. Нагло прекинување на лековите, може да доведе до посериозни напади, серија на напади (еден напад по друг) или статус епилептикус (продолжен напад, со отсуство на свест меѓу нападите), кои можат да го загрозат животот на пациентите.

Обезбедувањето на подобар квалитет на живот е главниот мотив на севкупниот развој и огромните истражувачки напори во областа на медицината.Терапиското третирање на болните од епилепсија е од кардинално значење за нив токму поради оваа причина.Притоа треба особено да се внимава да се земе точно определената доза од лекарот и тоа во точно определеното време,бидејќи предозирањето со овие хемикалии кои ја контролираат мозочната активност може да доведе до опасни последици.

Откривањето на антиконвулзивните лекови се дели на 3 периоди од кои во вториот се направените најзначајни откритија (1857-1980 год). Во оваа временска рамка се откриени Бромидите иФенобарбитонот како најзначајни досега користени антиконвулзивни лекови. Подоцна, што е доста интересно, се правеле тестови за да се види кој лек би бил ефикасен за епилептичните напади. Овие тестирања се состоеле од следново: доколку лекот е ефективен во спречувањето на  нападите предизвикани со максимален електрошок ,тој е способен да ги спречува и парцијалните и секундарно генерализираните напади кај луѓе.

Монотерапија versus Политерапија

Иако одреден временски период,се мислело дека комбинирањето на два или повеќе лека дава подобар ефект во однос на третирање на пациентот со само еден лек ,подоцна ова се покажало како погрешно.Имено повеќе студии укажале на тоа дека монотерапијата е далеку подобра во однос на политерапијата.( според студии на Рејнолдс и Шервон)

Поново откриени антиконвулзивни лекови.

Денес има откриено еден голем спектар на антиконвулзивни лекови ,меѓу нив спаѓаат :Габапентин, Фелбамат, Зиагабин, Леветирацетам, Окскарбазепин, Зонисамид, Тиагабин.

Од нив го издвојуваме Габапентинот, како еден од поново откриените.

Габапентинот е GABA аналог и е особено ефикасен во третирањето на парцијалните напади, со сеуште не докажано ефикасно дејство против генерализираната епилепсија. Лекот има повеќе нус ефекти, од кои најзначајни се случаите на хепатотоксичност кои се во многу мал број. Габапентинот требавнимателно да се употребува кај пациенти со ренална слабост за да не дојде до негова акумулација во организмот и можно токсично дејство.

Интересно е тоа што во 2009 год. Агенцијата за храна и лекови откри поврзаност помеѓу земањето на Габапентинот и појавата на депресија и суицидални мисли и однесувања кај пациентите кои го користеле лекот, меѓутоа подоцна ова се покажува како доста погрешно.Покрај тоа што лекот не предизвикувал суицидални мисли кај пациентите кои немале психијатриско пореметување ,тој дури и ја намалувал појавата на истите кај психијатриски засегнатите лица.

Податоците покажуваат дека земањето на Габапентинот не треба да се прекине нагло.Кај пациентите кои одеднаш го прекинале земањето на лекот после долго користење се јавиле следниве страни ефекти : несоница, замор, анксиозност, дезориентираност, збунетост, светлосна сензитивност, главоболка, палпитации, покачен крвен притисок и градна болка.

Овој лек е одобрен од Агенцијата за Храна и Лекови во 1994 год. со намена третирање на Парцијална епилепсија, во 2002 год.е откриена и одобрена и неговата ефикасност во лекувањето на невралгична болка.

Во светот е познат под името Неуронтин ( Neurontin), кој бил на листата на најчесто продавани лекови во Америка во 2003-та година.

АНТИЕПИЛЕПТИЦИ – лекови за лекување на епилепсија

Пред се треба да се напомене дека точната дијагноза на нападите е неопходен предуслов успех во терапијата со антиепилептици. … повеќе …

 

 



Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.