ЗА НАС

d Деан Бунески , Претседател  тел: +38970234652

dbuneski@epilepsijamakedonija.mk

Како резултат на големата дискриминација врз лицата со епилепсија, недоволнната едкација за епилепсијата, и неможноста за правилна инклузија на лицата со епилепсија во повеќе сегменти на општеството, се роди идеа за формирање на една ваква организација.Кај нас малку се зборува за епилепсијата и таа е сеште табу тема. Во голема мера медиумите придонесуваат за една ваква погрешна перцепција за ова нарушување, затоа што епилепсијата, нападите, и лицата со епилепсија ги прикажуваат во поинакво, односно лишо светло, и не внимаваат на фактот дека поголем дел од лицата со епилепсија се нормлни луѓе и можат да водат нормален начин на живот.

Нашите активности се одвиваат во насока на поддршка и помош на лицата со епилепсиија. Поддршка ќе бараме од целокупното население, образовните инститции, бизнис секторот и други организации, се со цел остварување на нашата визија. Ние ќе бидеме тука да им помогнеме на лицата со епилепсија со совети и поддршка.

Целта ни е да покажеме дека голем дел од лицата со епилепсија се способни и можат да придонесат многу во повеќе области, но и дека има луѓе со епилепсија на кои им е потребна поголема помош.

Нашата цел ќе биде во нашите активности да се вклучат лица со епилепсија, родители на деца со епилепсија, стручни лица, но и обични луѓе кои сакат да придонесат за подобрување на свеста за епилепсијата како нарушување.

Ќе се обидеме да опфатиме што повеќе области во Република Македонија преку организирање јавни трибини, семинари и дрги настани.

Епилепсијата ја сваќаме како начин на живот а не хендикеп.

Ќе издаваме материјали, како брошри, книги, постери, флаери и слично, за подобрување на свеста за епилепсијата и за промоција на нашите проекти и активности .  На социјалните мрежи, постојано ќе бидеме присутни, споделуваќи материјали од нашите активности и корисни информации за епилепсијата пред се, но и за општото здравје, како и други информации кои би биле интересни за пошироката јавност. Преку постојана едукација и истражување, преку најсовремени светски сознанија од областа на епилепсијата, ќе ги следиме светските трендови во оваа област.

Ќе се трудиме да учествуваме во активностите на други слични организации здруженија и даоствариме соработка, на локално, национално и меѓународно ниво.

Клуч за успех е соработката, а особено е важна за оние што се занимаваат со проблематика каде таргет грпа се пациенти или маргинализирана грпа на луѓе.

Ќе предлагаме и ќе учествуваме во проекти за преку соработка со локалните единици, домашни и странски НВО и слично.

 

 



Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.