Епилепсијата низ историјата

Разбирањето на епилепсијата се менувала низ вековите.
Најстариот пример во кој  може да се препознае епилепсијата е Хамурабиевиот закон од 2080 год. п.н.е.
Старите Грци епилепсија се нарекувале ” Света болест ”, и Хипократ бил првиот голем лекар кој во 400 год. п.н.е. дал опис на епилепсијата и сфатил дека таа е проблем во функционирањето на мозокот.

Грците исто така знаеле дека епилепсија е” грч на целото тело со нарушување многу функции. ” Тие правеле разлика помеѓу вовед, аура и знаеле дека таа во некои случаи може да биде наследна.

Римската медицина главно се базирала на Грчката, Гален, познат лекар од тој период, оставил многу пишани документи. Разликувал ” големи напади ”, ” фокална епилепсија ”, исто така, опишал и  почеток на нападот од другите органи, пред се од желудникот кој делувал преку мозокот.

Во Европа во 1815 година отворена е првата специјална болница за лица со епилепсија, за во текот на 19 век, многу западни земји ја  сфатиле потребата од една ваква институција и започнале со формирањо на истите. Синтетичкиот фенобарбитал бил создаден во 1912 година како прв сериозен лек при третманот на ова нарушување, и на ова место останал во текот на следните дванаесет години. За многу познати личности во текот на историјата се знае дека има епилепсија: Буда, Сократ, Јулиј Цезар, Александар Македонски, Наполеон, апостол Павле,  Ван Гог … повеќе …

Достоевски во многу места во неговите дела, низ ликовите на главните ликови го опишува своето нарушување. Тоа се детални описи на неговите различни напади, како генерализирани, со губење на свеста, комплексни парцијални и психомоторни. Тоа се одлични клинички описи на темпорална епилепсија, од која тој почнал да страдаат како момче од седум години.



Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.