ЕПИЛЕПСИЈАТА И СПОРТОТ

Image result for epilepsy and sport

Според статистичките податоци од земјите кои имаат организирани асоцијации за борба против епилепсијата, околу 60% од пациентите сосема нормално практикуваат спорт, додека 20% од нив имаат потреба од посебно надгледување и помош.
Општо земено, спортувањето треба да се препорачува поради социјалната интеграција и водењето еден сосема нормален живот и динамички еквилибар на пациентот во средината во која што живее.
Секако, практикувањето спорт бара и посебни услови, кои пациентот треба да ги спазува. Имено, тој треба секојдневно да го следи медикаментозниот третман и да има „сериозен респект“ кон некои спортови, кои можат да бидат потенцијална опасност за него. Притоа, секогаш треба да се има предвид спортувањето „да не биде фактор кој што ќе предизвикува криза“ , што значи дека спортот во никој случај не треба да ја влоши состојбата со појава на чести кризи.
Бидеќи спортувањето е најдобар начин за колективна интеграција на детето, во училишната средина, децата може да практикуваат некои спортови, при што треба да бидат под контрола, а спортовите препорачувани од стручни лица за тоа. При ова, многу битен фактор за избор на спортот и времето на спортувањето е ординираната терапија и периодот во кој што ја зема пациентот, зошто таа може да доведе до поспаност кај детето. Во овој контекст, никогаш терапијата не треба да биде модифицирана според спортувањето, туку обратно, најбитен е третманот, а спортувањето треба да биде во корелација со моментите кога пациентот ќе може и да спортува, односно, спортот треба да биде факултативен, а во никој случај императивен.
 Лицето кое што ја раководи играта, мора да знае какви кризи добива пациентот и која е првата помош при евентуална криза. Меѓутоа, тој мора и да предвиди некои моменти што можат да предизвикаат криза, а имено:
 Која и каква е улогата на забрзаното дишење (хипервентилација),
 Улогата на хипоксијата (намалување на кислород во крвта), и
 Хипогликемијата ( намалување на шеќерот во крвта);
 Улогата на светлосните ефекти и стимулации;
 Улогата на повредите и ударите по главата ( бокс, рагби, или други спортови кои претставуваат голема опасност за пациентите), и
 Улогата на емотивните фактори, во смисла на повредување на личноста на пациентот, од претпоставениот или од другарите.
Сите овие наброени фактори бараат „сериозна“ превенција, пред сé, респект кон третманот и хигиенско-диететскиот режим на пациентот, без алкохол и со доволно часови ноќен сон.
Во овој контекст, секогаш под контрола, се советува практикување на следниве спортови и активности: одење, трчање, атлетика (лесно трчање по рамни стази, без голем напор и замор, не повеќе од два до три часа); одење со скии, секогаш со друштво (никако брзо скијање); пинг-понг, фудбал (со забрана за удирање на топката со глава); ракомет, одбојка, со напомена, никогаш „борбата за добивање поени да не биде причина за појава на криза“ , туку обратно, спортувањето да биде во смисла на релаксација и интеграција на детето во школската средина, односно на адултот во неговата секојдневна активност.
Во никој случај не се советуваат спортови во кои „пациентот нема директен контакт со тлото под себе“. Овде се мисли на сите аеронаутички, водени и други спортови: летање, пливање, управување со возила, велосипед, мотор, или рибарење покрај брегот на било каква водена површина: река, море или езеро. Особено треба да се внимава на пациентот од таканареченото „трето полувреме“ ; кога е заморен и испотен, веднаш треба да прекине со играта.
Исто така, не се советуваат спортови како: нуркање, скијање на вода и снег, алпинизам, бокс, џудо, падобранство, јавање на коњ и други соодветни спортови кои претставуваат опасност за пациентот доколку добие напад за време на спортувањето. Во оваа смисла, никогаш не се советува спортот да биде професија на пациентот, или пациентот да учевствува во натпревари кои имаат професионален карактер.
Пред да се отпочне со било какво спортување, неопходно е советувањето од лекар – епилептиколог, невролог, или невропедијатар.



Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.