Видови епилептични напади и поделба

  • Прости делумни напади

Простите делумни напади се напади на одредено место и влијаат само на еден дел од мозокот. Знаците што ги има лицето ќе зависат од функцијата што ја контролира тој дел од мозокот. Нападот може да доведе до неволно движење или вкочанување на рака или нога, до чувство дека некоја работа веќе е видена порано, до чувство на непријатен мирис или вкус, или до чувство на “пеперуги” во стомакот или гадење. Во текот на нападот лицето останува свесно. Нападот обично трае помалку од една минута, а потоа лицето закрепнува. Кога делумниот напад ќе се прошири и ќе го зафати целиот мозок, се нарекува отпосле настанат општ напад. Делумниот или жаришен напад настанува во еден дел од мозокот. Нападите што почнуваат во еден дел од мозокот може да се прошират и да го зафатат целиот мозок и на тој начин отпосле да се претворат во општи напади.

  • Сложени делумни напади

Овој вид напади исто така влијаат само на еден дел од мозокот, но ја менуваат свесноста на лицето. Лицето често може да изгледа збунето и зашеметено и може да постапува чудно, на пример, да ги плетка алиштата, да прави движења како да џвака или да испушта необични звуци. Нападот обично трае една до две минути, но лицето може да биде збунето и дремливо од неколку минути до неколку часа по нападот.

  • Напади што предизвикуваат умствена отсутност [petit mal]

Тоа се општи напади што го зафаќаат целиот мозок и почесто се јавуваат кај деца. При овој вид напади, лицето ја губи свесноста за она што се случува околу него, но ретко паѓа наземи. Едноставно се загледува некаде, а може и да ги преврти очите или очните капаци да му треперат. Може да биде тешко да се направи разлика меѓу напади што предизвикуваат умствена отсутност и обичната занесеност. Меѓутоа, нападите на умствена отсутност почнуваат ненадејно, траат неколку секунди, потоа ненедејно престануваат и лицето продолжува да го прави она што го правело пред нападот. Иако овие напади траат само неколку секунди, тие може да се случат многу пати во текот на денот и секој ден, па затоа може многу да го нарушуваат учењето.

  • Миоклонични напади

Миоклоничните напади се неконтролирани грчови на мускулите. Овие напади обично се случуваат набргу по будењето или пред легнување, кога лицето е изморено. Како и при другите општи напади, доаѓа до губење на свеста, но тоа е многу кусо и одвај забележливо. Нападите и епилепсијата понекогаш се именуваат според резенот или делот од мозокот во кој настанува активноста на нападот. мал мозок заден резен темен резен челен резен слепоочен резен

  • Тонично-клонични напади [grand mal] Тонично-клоничните напади се општи напади што го зафаќаат целиот мозок. Токму на овој вид напади најчесто помислуваат луѓето кога ќе се спомене епилепсија. Некои луѓе може да искусат “аура”, како што е чувството дека некоја ситуација веќе ја имаат видено порано, необично чувство во стомакот или необичен вкус или мирис, непосредно пред да почне нападот. И самата аура е прост делумен напад. При тонично-клоничен напад, телото на лицето се вкочанува и лицето паѓа наземи [тонична фаза]. Потоа рацете и нозете почнуваат да му се движат неконтролирано со силни, симетрични и ритмични движења [клонична фаза]. На лицето може да му течат лиги од устата, лицето да му помодри или поцрвени, или да загуби контрола над мочниот меур и/или дебелото црево. Иако овој вид напад може да им изгледа страшно на оние што гледаат отстрана, малку е веројатно дека самиот напад ќе му наштети на лицето што го има нападот. Меѓутоа, лицето може да поврати или да си го гризне јазикот, а понекогаш може и да се повреди ако удри во околните предмети при паѓањето или грчењето. Нападот обично престанува по неколку минути. Тогаш лицето обично е збунето и дремливо. Може да има главоболка и да сака да спие. Оваа дремливост може да трае повеќе часови.
  • Тонични напади

Тоничните напади се општи напади што предизвикуваат вкочанување на мускулите, па ако лицето стои, може да падне наземи. Овие напади може да се јават во серии во текот на спиењето, но ако се случат кога лицето е будно, често може да предизвикаат повреда на главата. Ако е тоа соодветно, препорачливо е лицето да носи заштитен шлем за да се спречат повреди. Побарајте лекарска помош ако лицето се повреди. n Атонични напади Атоничните напади се општи напади што влијаат на тонусот (затегнатоста) на мускулите, поради што лицето паѓа наземи. Овие напади, што често се нарекуваат “напади со паѓање” или астатични напади, може да предизвикаат повреда на главата или на лицето. Се препорачува носење на заштита за главата за да се избегнат постојани повреди. Лицето обично закрепнува прилично брзо.

Статус епилептикус

Напад кој трае невообичаено долго, или серија на епилептични напади каде лице не се враќа при свест се нарекува статус епилептикус. Статус епилептикус е сериозна состојба и бара итно лекување.
Други видови на напади

Постојат и други видови на напади, главно ретки и обично имаат карактеристиките на различни напади. Понекогаш овие напади се сосема нетипични, па дури и не се признаваат како епилептични напади.

Епилепсијата може да биде поделена во две групи.

1.идиопатска епилепсија
Кај овие напади не се знае причината или се претпоставува дека причина се генетските фактори. Обично нема други оштетувања. Идиопатската епилепсија обично добро реагира на антиепилептични лекови.
2.симптоматска епилепсија
Овие епилепсии се резултат на препознатливи причини (структурните лезии на мозокот настанале за време на раѓањето или подоцна)
Кај симптоматската епилепсија третманот може да биде насочен во два правци:
– Спречување на напади, главно со лекови кои ги спречуваат напади (антиепилептици)
– Третманот на причините кои довеле до појавата на епилепсијата
Постојат и други поделби на епилепсијата. Земајќи ги во предвид возраста кога се случуваат нападите, тие може да се поделат на епилепсија кај деца и епилепсија кај возрасни. Сепак, постојат и одредени видови на епилепсија за одреден период од детството, како што на пример во различни возрасти на живот одредени видови на епилепсија доминираат.
Така, на пример, идиопатската епилепсија најчесто се јавуваат во детството и раната адолесценција.
Од друга страна, симптоматска епилепсија, се резултат на породилна траума на мозокот, кои се случуваат во раното детство, како резултат на мозочен удар или злоупотреба на алкохол во подоцнежниот период од животот.

 

 



Tweet about this on TwitterEmail this to someoneBuffer this pagePin on PinterestShare on FacebookShare on Google+Share on LinkedInShare on VKPrint this page

Comments on Facebook

Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.